Том Круз на 61 година тврди дека ја знае тајната на долговечноста, па на сите им ја откри

Том Круз / Фото: EPA-EFE/BIANCA DE MARCHI

Холивудската легенда Том Круз е витален со 4 навики во исхраната, кои се и клучот за неговото здравје.

Сигурно се прашувате како Том успеал да остане ист сите овие години, за разлика од многу негови колеги кои се здебелиле.

Има неколку брчки на лицето, но, телото на овој 61-годишен американски актер е без вишок грам. Том Круз е витален со 4 навики во исхраната, кои се и клучот за неговото здравје.

Избегнува јаглехидрати

Не јаде јаглехидрати со висок гликемиски индекс што се наоѓаат во храната како што се колачи, тестенини и житарки. Јаглехидратите создаваат инсулин, хормонот за стареење. Во телото тие се претвораат во гликоза, која ги оштетува мускулите и ткивото на кожата, што предизвикува стареење, вели нутриционистот д-р Пол Клејтон и препорачува консумирање јаглехидрати, како мешунките, за кои на телото му треба помалку инсулин.

Јаде варена и печена храна

Познатиот актер не јаде ништо пржено.Јаде само варена и печена храна. Некои истражувања покажуваат дека една од најдобрите навики во исхраната за луѓето над 50 години е да јадат антиинфламаторна храна, како што се лосос, темно чоколадо, суров овес, боровинки, ѓумбир, цвекло, брокула, маслиново масло, домати и спанаќ.

Секогаш носи здрави грицки

Том го одржува високото ниво на енергија дури и навечер со здрави грицки како јаткасти плодови, органски боровинки и урми попрскани со кокос и путер од кикирики.

Избегнува шеќер

Тој никогаш не јаде шеќер во форма на бонбони. Истражувањата покажуваат дека шеќерот може да го забрза стареењето предизвикувајќи воспаление и оштетување на колагенот и еластинот. Јадењето премногу шеќер исто така може да го забрза стареењето и брчките на кожата.

Се занимава со спорт

Возење кајак, мечување, лента за трчање, тегови, планинарење, трчање – ова се само дел од активностите што ги прави Том Круз кои му помагаат да остане во полна сила.

Том Круз се разведува од сопругите кога ќе наполнат 33 години

Го заборави Пике: Шакира се дружеше со Том Круз на Големата награда на Формула 1 во Мајами

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот