Чешка планира да и испорача 180.000 артилериски гранати на Украина следниот месец

Петр Павел / Фото EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Чешка има намера да и достави 180.000 парчиња артилериска муниција на Украина следниот месец, изјави денеска чешкиот претседател Петр Павел.

Во интервју за германските медиуми, Павел рече дека чешката иницијатива за набавка на муниција за Украина напредува и дека ќе следат уште испораки во наредните месеци.

„Нашиот премиер Петр Фиала и јас претпоставуваме дека првата пратка од речиси 180.000 парчиња муниција ќе биде испорачана во јуни, а дополнителни договори се склучени за шестцифрен број гранати“, изјави Фиала за јавниот сервис АРД.

Павел рече дека е неопходно западните земји да ја зголемат воената поддршка за Украина, со цел да се зголеми притисокот врз Русија да ја запре војната и да седне на преговарачка маса.

„Од суштинска важност е да се поддржи Украина со сите средства за да може јасно да му стави до знаење на рускиот агресор дека нема смисла да ја продолжи војната; дека Русија нема да постигне понатамошни воени успеси. Се додека Русија има надеж за успех, нема причина да се вклучи во мировните преговори“, рече чешкиот претседател.

Во февруари, Чешка започна иницијатива за испорака до милион артилериски гранати и друга муниција на Украина, откако претседателот Володимир Зеленски ги повика европските сојузници да ја засилат воената поддршка и да испорачаат значително повеќе артилериски гранати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот