„Ме силуваше пријател лани!“: Сите зборуваат за морничавиот настап на Ирска на Евровизија, се појавија страшни детали за пејачката

Бамби Таг од Ирска / Фото: EPA-EFE / Jessica / Gow TT SWEDEN OUT

Бамби Таг, претставничката на Ирска на Евровизија во Малме, Шведска, привлече огромно внимание кај публиката, а реакциите за нејзиниот настап ги преплавија социјалните мрежи.

Нејзината изведба вклучува симболи како што се пентаграм, ѓавол, вештерство и генерално демони, а ја претставува борбата на човекот со неговите внатрешни демони. Иако мислењата се поделени, мнозинството се негативни. Сепак, Бамби им порача на оние што ја „мразат“ дека и таа е само човек, како и дека животот воопшто не ја галел.

По првата полуфинална вечер, една од топ темите дефинитивно е ирската претставничка Бамби Таг, чие вистинско име е Бамби Реј Робинсон. Родена е во Корк на 6 март 1993 година, а се идентификува како „небинарна“ личност и претпочита за неа да се користи заменката „тие“.

Покрај тоа, на Бамби во раното детство ѝ бил дијагностициран АДХД, односно нарушување на вниманието и хиперактивност. Иако првичниот план ѝ бил да студира танц, по повредата се префрлила на студии по мјузикл и пеење. Истовремено настапувала на различни хуманитарни настани за лицата со посебни потреби.

Бамби Таг од Ирска / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Годинава зборуваше за нападите и траумите, а во јануари откри дека има тешка форма на ПТСН од бројните трауми што ги доживеала во детството. Признала и дека била силувана во мај минатата година. Пејачката откри дека претрпела ужасни сексуални злоставувања од страна на некој што го „нарекувала пријател“.

– 2023 година беше неверојатна година во кариерата, но беше и една од најтешките години што сум ги имала – ја започнала својата мачна исповед.

– Му се јавив на пријател. Тоа беше пред мојот дебитантски настап на „Даунлод фестивал“, најголемиот момент во мојата кариера досега, и искрено, ми го украде тоа искуство. Бев целосно скршена, се преправав и не се сеќавам на ниту една секунда од шоуто – рекла таа, а потоа додала:

– Беше страшно, но нема да дозволам тоа да ме запре. Тоа само ме прави посилна – искрено признала таа.

Погледнете го настапот на Ирска во првото полуфинале:

ВИДЕО | „Ова е страшно!“: Ирска со најконтроверзниот настап на првото полуфинале на Евровизија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот