ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Мангова: Политичките актери си играат со национализмот кога се слаби сами по себе да донесат резултати

Илина Мангова / Фото: "Слободен Печат"

„Национализмот е доживуван како проблем во Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Трите земји од Западен Балкан кои се мултиетнички, каде се користи национализмот како средство за конфронтација меѓу политичките елити кога немаат испорака на резултати“ рече Илина Мангова, Регионалната советничка за Европа од Меѓународниот републикански институт (ИРИ) во утринската програма на „Слободен печат“, коментирајќи ја нивната последна анкета.

Таа додаде дека како најодговорни за предизвикување национализам во анкетата се идентификувани политичките партии и лидери, а потоа странските сили и медиумите.

„Тука се покажува одговорноста на овие политички актери кои си играат со национализмот кога се слаби сами по себе да донесат резултати и силни институции кои ќе ги сервисираат граѓаните. Граѓаните очекуваат институциите да функционираат, да не бидат политички злоупотребувани, туку да функционираат со давање услуги“ рече Мангова.

Таа додаде дека клучната одговорност на политичките лидери треба да биде, паралелно на работењето на евроинтегравниот процес, да ги менаџираат позитивно и конструктивно меѓуетничките односи, за национализмот да не прерасне во проблем.

Повеќе од разговорот со Мангова во видеото во продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот