ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Сања Анастасиа од Србија: Настапот на Мајски оперски вечери во 2007 година ми ги отвори вратите за кариерата

Звуците на „Трубадур“ вечерва ќе го означат почетокот на Мајските оперски вечери. Богата програма ќе биде распостелена на раскошната цена која ќе блесне во сјајот на традицијата стара 52 години.

Меѓу бројните гости од странство Италија, Египет, Кина, Канада, Бугарија, Словенија, публиката ќе има прилика во „Трубадур“ да ја види една од најдобрите пет драмски мецосопрани во светот, примадоната Сања Анастасиа, мецосопран, првенка во Народниот театар во Белград.

– За мене е огромна честа што јa добив поканата и оваа година да настапувам на Мајските оперски вечери. Јас сум, некако, емотивно врзана за оваа куќа, зборувам за македонската Националната опера и балет и за ова манифестација. Во 2007 година настапив првпат na отворањето на тогашното 35 издание на овој фестивал, тогаш тој настап ми ги отвори вратите за мојата кариера. Ова ќе ми биде четврто гостување во рамките на оваа престижна манифестација. Кога ме прашувате за мојата улога во „Трубадур“ тоа е интересно, бидејќи преку 200 пати сум била во улогата на Ацучена – вели за „Слободен печат“ Анастасиа.

Анастасиа е годинашна добитничка на престижната светска награда златна статуетка „Браво“ која се доделува во Москва.

– Да им го доближам значењето на гледачите, тоа е пандан на филмската награда „Оскар“, наградата „Браво“ се доделува за уметниците во класичната музика. Јас сум почестена што влегов во друштвото на наградени на ова признание. Посебно ми претставуваше задоволство што церемонијата за доделување на награда се случуваше историската сцена, како што тие ја нарекуваат, сцената на Балшој театарот во Москва. Тоа е храм за уметноста – вели оперската певица.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Ицковски: Цела година за подготовка на Мајски оперски вечери

Целиот разговор погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот