Схинас: Северна Македонија има уште време да го напушти ќорсокакот, ЕУ нема да толерира национализам и популизам
„Првите примероци на пишување на новото раководство на Северна Македонија покренуваат сериозни прашања за политичкиот и правниот поредок“, истакна потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Схинас, во врска со однесувањето на македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова при инаугурација кои во грчката јавност се толкува како кршење на одредбите од Договорот од Преспа.
Препорачано
-Има уште време да го напушти ќорсокакот на националистичкото заострување и ревизионизмот. Се надевам дека едногласните реакции на европското и атлантското семејство на нивните први изјави и постапки ќе бидат храна за размислување за носителите на одлуки во Скопје, рече Схинас.
Тој при посетата на Саемот на книгата во Солун потсети на острите тонови кои дојдоа од Европската Унија и предупреди колку е важно земјава како кандидат за членство во ЕУ да не ги бранува соседите.
-Никој во ЕУ не е подготвен да толерира овие логики да се воведат во ЕУ. Никој нема да заложи за членство во ЕУ на земја-кандидат што отстапува од своите обврски и ги вознемирува соседите кои се веќе членови на европското семејство. Нема да се толерира никакво националистичко или популистичко повлекување во регион на кој му требаа децении за да се надминат длабоките јазови што ги отвори војната и етничките конфликти, нагласи Схинас.
Тој во изјавата потесети дека ЕУ останува, убедливо најголемиот инвеститор на Балканот.
-Времето е критично за да се дозволи отстапки за европскиот систем на владеење базирано на вредности и институционалната архитектура на ЕУ. Денес, повеќе од кога било во минатото, итна е европеизацијата на Балканот, а не балканизацијата на Европа“, потенцираше потпретседателот на ЕК.


