Филипче: Шансите да го поправиме изборниот резултат се добри, jас никогаш не се откажувам

Венко Филипче, носител на Четврта изборна единица на СДСМ Фото: Филипче Фејсбук

Во најтешките моменти во мојата кариера, а такви имало многу, не сум се откажал и ме охрабрува фактот дека активистите веќе се мобилизираат. Ова е впечатокот на Венко Филипче носител на листата на СДСМ за Четвртата изборна единица, откако денес ги продолжи активностите на терен.

На својот Фејсбук профил, Филипче пишува дека разговарал со граѓаните и со поддржувачите и за изборниот резултат.

-Природно е да се чувствуваме обесхрабрени при ваков резултат. Но, големината на еден човек не се гледа во победите, туку во поразите – вели Филипче.

Како што наведува тој, СДСМ и тој лично ја примиле порака од оние кои не излегле да гласаат во првиот круг на претседателските избори. А таа порака е:

-Потребни се темелни промени со кои мора да се зафатиме веднаш после изборите. Но, сега е време за работа и воопшто не е сеедно колку пратеници ќе има СДСМ во идното Собрание. Имаме одлични кандидати кои ќе ги бранат интересите на граѓаните –  додава Филипче на Фејсбук.

Филипче вели дека го охрабрува фактот дека активистите веќе се мобилизираат и постојат големи шанси изборниот резултат да биде поправен.

-Да ги подигнеме главите и да продолжиме да се бориме за она во што веруваме – вели Филипче.

Тој додава дека  имаат одлични кандидати кои ќе ги бранат интересите на граѓаните и дека  сега не е момент за откажување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот