Словенија ќе ја признае палестинската држава до средината на јуни

Знаме на Словенија/ Фото: МИА

Словенечката влада денеска започна постапка за признавање на државата Палестина како облик на притисок за прекин на конфликтот во Газа, објави денеска словенечкиот премиер, Роберт Голоб, цитиран од британски медиуми.

„Ужасите што ги гледаме секој ден во Газа се неподносливи и мора да престанат. Го повикувам Израел веднаш да ги прекине нападите врз Газа и да ја искористи преговарачката маса, рече Голоб на владиниот профил на социјалната мрежа „Икс“.

Голоб истакна дека би сакал словенечкото признавање на Палестина да биде „поттик за забрзување на овие преговори“ и да се забрза дијалогот во Обединетите нации за итен прекин на огнот, ослободување на заложниците и безбедноста и постоењето на Израел преку решение за две држави.

Веста доаѓа поради извештаите дека Ирска, Шпанија и неколку други земји од ЕУ размислуваат за признавање на палестинска држава на 21 мај, според ирската државна телевизија.

-Датумот кога Словенија ќе ја признае Палестина ќе зависи од успехот на мировните преговори, но најдоцна до 13 јуни, рече словенечкиот премиер.

Доколку преговорите успешно завршат порано, Словенија побрзо ќе ја заврши процедурата за признавање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот