„Teledyne“ го претстави новиот самоубиствен дрон

Компанијата „Teledyne FLIR Defense“ со седиште во САД ја воведува својата најнова иновација, системот „Rogue 1“, нов самоубиствен дрон, на тековната конвенција на Неделата на силите за специјални операции во Тампа.

Новиот систем „Rogue 1“, е со вертикално лансирње и е мал беспилотен воздушен систем дизајниран да изведува прецизни, смртоносни удари против различни цели.

Опремен со напредни електрооптички и термални камери „Rogue 1“ нуди можности за дневно и ноќно извидување со неспоредлива прецизност.

Неговиот уникатен систем за фунгирање овозможува безбедно обновување и повторна употреба, обезбедувајќи исплатливост и приспособливост на мисијата.

Корисното оптоварување на леталото овозможува прецизно таргетирање, додека модуларната носивост нуди флексибилност за различни барања за мисијата, вклучувајќи експлозивно формиран пенетратор и несмртоносни опции.

Со време на лет од 30 минути, брзини над 112 километри начас и домет од над 10 километри, „Rogue 1“ ги надминува постоечките системи на ваков тип на оружје, што го прави погоден за денешните предизвикувачки средини на бојното поле.

Неговата интеграција во воените операции нуди зголемена разновидност, опстанок и исполнување на барањата на модерното војување кои се развиваат на фронтот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот