Рецепт за домашен чипс од тиквички: Повкусен од купечкиот
Тиквичките се омилен пролетно/летен зеленчук за многумина. Покрај тоа што се многу здрави, благодарение на нивниот неутрален вкус лесно се комбинираат со други зеленчуци, месо и млечни производи.
Тиквичките може да ги подготвувате на многу начини, а денеска ви го претставуваме рецептот за домашен чипс.
Оние што пробале чипс тиквички, се согласни дека тие се повкусни од купечкиот чипс, бидејќи истовремено се лесни и крцкави.
Освен тоа, лесни се за подготовка, а со вкусот можете да си „поигрувате“, користејќи ги зачините што најмногу ги сакате.
Состојки:
– 3 поголеми тиквички
– 60 грама брашно
– сушен зачин
– сол
– зачини: оригано, босилек, лук во прав, бибер, лута пиперка (по желба)
– масло
Подготовка:
Тиквичките исчистете ги со лупалка, па исечкајте ги на тенки парчиња, наредете ги во сад, посолете ги и оставете ги да отстојат половина час. Потоа исцедете ги од водата и подгответе ги за пржење.
Во поголема ќеса за замрзнување сипете го брашното, зачините од суви тревки и/или зачини по вкус, протресете, ставете ги тиквичките во ќесето, а потоа врзете ја ќесичката високо, блиску до врвот и добро протресете ја. Во смесата за пржење, тиквичките рамномерно ќе се премачкаат. Сипете масло во тавата и вклучете ја ринглата. Ставете тенџере во близина на тавата со масло и сипете ладна вода во него.
Пред да ги спуштите тиквичките во врелото масло, накратко ставете ги во тенџерето со ладна вода – така смесата од брашно и зачини уште подобро ќе се соедини со тенко исечканиот зеленчук. Тиквичките пропржете ги во врело масло минута-две од двете страни, па извадете ги на кујнска хартија, за да се исцеди вишокот маснотии и послужете ги.
Добро одат во комбинација со ладен јогурт, ѕаѕики или со пиво.