ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Д-р Божиновска: И на забите може да се стави накит

Др. Борјана Божиновска/ Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

Има ли Македонија генијалци и иноватори? Што креираат генијалците и по што се издвојуваат од своите врсници? Колку иновации има во државава и колку се иновативни нашите поединци, а на колку се работи? Прашања на кои малкумина го знаат одговорот. „Слободен печат“ ќе се обиде преку серијал да обезбеди барем мал дел од одговорите и да им даде шанса на генијалците и на иноваторите да ѝ ги претстават своите креации и идеи на пошироката јавност. Креатори на игри, успешни шахисти, инженери, научници, балерини … се само дел од ликовите што ќе бидат дел од нашиот серијал. Се надеваме дека на ваков начин ќе ја поттикнеме јавната свест но и надлежните институции да се издвојуваат повеќе средства за оваа намена, да најдат начин да ги промовираат нивните идеи онаму каде што треба за подобро утре за сите нас. Воедно, ова нека биде и отворен повик до сите што сакаат да ги споделат своите успеси и иновации со нас, но и со целата јавност, да се пријават на официјалната имејл-адреса.

Борјана Божиновска е доктор по дентална медицина. За „Слободен печат“ вели дека доколку сакаме да лепиме циркончиња на забите мора да имаме здрави заби.

Др. Борјана Божиновска/ Фото: ”Слободен печат” / Драган Митрески

-Јас сум доктор по дентална медицина. Доколку сакаме да ги украсиме забите нормално, треба да имаме и здраво забало, треба да имаме чисти заби. Ова со што се занимавам, претставува на еден начин естетска стоматологија. Тоа претставува аплицирање на циркончиња со посебен адхезив на запчињата и неинвазивна метода, нема болка, значи, користам само високо квалитетни стоматолошки материјали- вели Божиновска.

Др. Борјана Божиновска/ Фото: ”Слободен печат” / Драган Митрески

Таа објаснува дека овој тренд, потекнува од деведесеттите и раните двеилјадити години.

– После тоа, две илјади и дваесетта пак доаѓа голем бум, враќање на тој тренд каде што почнуваат да лепат повеќе циркони на повеќе заби, на поголеми површини- вели Божиновска.

Таа објаснува дека доколку забележи дека нешто не е во ред или не и се допаѓа на забите, тогаш му кажува на клиентот.

Др. Борјана Божиновска/ Фото: ”Слободен печат” / Драган Митрески

– Кај некои треба да се отстрани забен камен, мора да се исполира и дури после тоа оди следната фаза на лепење циркони. Самодовербата игра главна улога, и не велат за „fake it till you make it“ ама не е само „fake it“ туку треба да се докажеш пред луѓето дека можеш- вели Божиновска.

Целото интервју на колешката Агнеса Чаволи погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот