Рецепт за брза крем-салата со јајца и авокадо од Стефанија Несторовска

Фото: Приватна архива

Благодарение на вештите раце и инвентивноста на младата Стефанија Несторовска што стои зад инстаграм-профилот и блогот snestorovska.com, секогаш имаме можност да пробаме нешто интересно и несекојдневно.

Денеска уживајте во неповторливиот вкус на оваа здрава и нутритивна закуска – крем-салата со јајца и авокадо.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 2 (тврдо) варени јајца
– ½ зрело авокадо
– ½ лажица
– сол и бибер
– неколку гранчиња ситно исечкан магдонос

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Јајцата и авокадото се сечкаат на мали коцки и се додаваат во мал, длабок сад.

Се додаваат и сите останати состојки и се меша, за да се соединат.

И тоа е тоа. Јас го користев како крем-салата врз тостирано лепче, но слободно користете го како што ви одговара.

Авокадото нема да стои многу време и може да потемни или да скапе, па затоа вака подготвена салата користете ја веднаш или евентуално по поминати 1-2 дена во фрижидер.

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот