ВИДЕО | Рецепт за шницли од тиквички: Внесете ги потребните витамини и уживајте во вкусниот оброк

Фото: Casey Collings / Flickr

Тиквичките се одличен извор на витамин Ц, магнезиум, витамин А, калиум, влакна, фосфор, бакар и витамин Б2.

Тиквичките благотворно делуваат на целокупното здравје на нашиот организам и треба да се консумираат додека се млади и на најздрав начин да се внесат во нашиот организам, а од кујната на нашата баба доаѓа предлог за оброк кој е вкусен и здрав.

Состојки:

– 2 средни млади тиквички
– 3 јајца
– 100 грaма сусам
– 2 лажици кисела павлака
– 100 грама брашно
– 1 лажичка слатка црвена пиперка
– 4 чешниња лук
– сол, масло

Подготовка:

Тиквичките излупете ги и исечете ги на подебели парчиња и посолете ги. Оставете да отстојат во сол 15 минути, па исцедете ги. Издробете го лукот, посолете и сипете две лажици вода и тоа нека отстои 15 минути. Врз фолија сипете брашно и слатка пиперка, па измешајте.

Презлата и сусамот измешајте ги и сипете ги на фолијата покрај брашното. Во сад изматете ги јајцата, малку масло и павлаката за да се добие густа маса.

Исцедете ги тиквичките, додадете го исцедениот лук и со раце изедначете. Секое парче тиквичка панирајте го (извалкајте го) по следниот редослед: брашно, јајца, презла и сусам и наредете ги во подмачкан плех или обложен со хартија за печење.

Печете на 220 степени 30 минути додека убаво не поруменат. Сервирајте топло како прилог или како главно јадење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот