Рецепт за похуван ослич во маринада од лимон и зачини
Посниот похуван ослич се прави со маринада од лимон, масло, сол, суви билки, бибер и црвена пиперка. Одлична комбинација е со прилог од млади компири, кога се највусни токму сега, во сезона. Маринадата му дава посебен вкус и арома на осличот
Препорачано
Состојки:
– 2 кг ослич
За маринадата:
– 150 мл масло
– 3 лимони
– сол
– бибер
– мешавина од суви мелени зачини
– мелена црвена пиперка
За похување:
– 5 лажици пченкарно брашно
– 5 лажици пченично брашно

Подготовка:
Прво исчистете го и измијте ја рибата, па исечете ја на парчиња. Тргнете ја на страна за да ја направите маринадата. Во сад исцедете ги сите лимони и во него додајте ги сите потребни зачини, па добро измешајте. Секое парче риба натопете го во маринадата и наредете го во еден сад. Прелијте ја преостанатата маринада врз осличот. Покријте со фолија и оставете го во фрижидер најмногу 2 часа.
Измешајте го пченичното и пченкарното брашно, а потоа секое парче ослич превртете го во оваа смеса. Наредете ги парчињата ослич на плех покриен со хартија за печење.
Секое парче можете да го премачкате со малку масло по ваш избор, доколку сакате. Загрејте ја рерната на 180 степени и печете ја рибата 15 минути. Извадете ги и свртете ги парчињата риба и печете уште 10 минути. Послужете и уживајте во посниот пржен ослич.


