ВИДЕОАНКЕТА: За што гласаат повеќе граѓаните – за претседател или за пратеници?

Во Македонија во тек се двојните избори – втор круг на претседателските и парламентарните избори. Гласањето почна регуларно, со отворање на сите гласачки места во 7 часот утринава, известија од ДИК и додадоа дека досега сè се одвива без проблеми.

„Слободен печат“ ја посети гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Општина Центар, Скопје.  Мирно, тивко, без поголеми турканици, но со константна раздвиженост на гласачите, вака изгледаше сликата додека нашата екипа беше присутна таму.

Во ова гласачко место гласањето се одвива во најдобар ред, рече Лидија Каракамчева, заменик претседател на Избирачкиот одбор.

– Излезноста досега е солидна, од 371 гласач заведен во нашиот одбор имаме околу 155 кои веќе го оствариле своето право на глас. Не се случило досега некој да одбере да гласа само за едните избори, досега сите избирачи гласаа и за претседател и за пратеници- вели Каракамчева.

Мирно и без проблеми течеше гласањето и на соседното гласачко место. Таму претседателка на Избирачкиот одбор е Јана Маќеска Станоеска.

– Досега излезноста е околу 38 отсто. Имаме подеднаков број гласачи и на парламентарните и на претседателските избори што значи избирачите гласаат и за претседател и за пратеници – вели Станоеска.

До 13 часот одзивот на гласачите за претседателските избори на ниво на држава е 22, 63 отсто, а за парламентарните 25,54, велат од ДИК.

Погледнете го видеото во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот