ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Трајан Гоцевски: Членство во НАТО и скрининг процесот со ЕУ, обезбедуваат помирни води во државата

Трајан Гоцевски/ Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Факт е дека ако денеска некаде е потребен таков форум за дебата за клучните геополитички и геостратегиски прашања, тоа се ООН и Советот за безбедност. Точно е и дека тој е ставен надвор од функција, поради многу причини. Ако сме објективни, кој го закочи неговото функционирање? Прво петте постојани членки на Советот, имаа право на вето, ако една од нив не се сложи и стави вето, значи не може да се донесе никаква резолуција. Украина е нападната од постојана членка на Советот, Русија. За Украина ООН не можат понатаму да донесат никаква одлука. И за уште една војна на блискиот исток стои друга држава членка на Советот на ООН. Кога сега треба да се донесат големи одлуки, мора да се приведат тие две војни при крај. Но, јас 2024 година не ја гледам како година на донесување на клучни одлуки, бидејќи мора да се исчекаат изборите на ЕУ, понатаму од големите играчи Индија има избори, Америка, претседателски, така што додека не завршат овие избори тешко дека ќе се донесуваат,“ посочи во интервју за Слободен печат, проф.д-р Трајан Гоцевски, член на Советот за безбедност.

Тој посочува и дека за да се сопре една војна треба да се направи еден мировен процес. Се лоцираат кои се странките во конфликтот, ООН носат резолуција, да престане конфликтот, да се формираат мировни сили, да отпочнат мировни преговори, и сето тоа го прават ООН. Според Гоцевски, во оваа ситуација ниедна постојана членка, нема да гласа за таква резолуција.

Русија по мировни преговори, треба да си плати за тоа. Но, некои земји наместо да одат кон мировен процес, тие заговараат воена победа на Русија. Да бидеме објективни, тоа е можеби втората нуклеарна сила.

Во врска со налогот на рускиот претседател за започнување на вежби со нуклеарни симулации, и дали да се сфати ова како порака дека ако некој се обиде нешто ситуацијата ќе ескалира, Гоцевски посочува дека тоа треба да се сфати многу сериозно. Како и дека во историјата, голема сила никогаш не се повлекла и не признала пораз.

Гоцевски посочува и на една состојба за време на војната, дека некои земји осиромашуваат, а други се збогатуваат. Притоа ги посочи Русија и Украина и ЕУ кои осиромашуваат, а Кина, САД и Велика Британија кои вртоглаво се збогатуваат. Според Гоцевски станува збор за интереси. Какои дека се додека овие интереси одат во прилог на помоќните држави, мировен процес нема да има.

„Нашите граѓани мораат да ги препознаваат безбедносните ризици, мора да сфатиме дека живееме во едно турбулентно време но дека нашето членување во НАТО и стратешкото партенерство со САД, и скрининг процесот кој е завршен со ЕУ, дава право за едни помирни води, да не правиме тензии дека работата може толку да ескалира, и мислам дека ќе се држи под контрола,“порача Гоцевски на крајот од интервјуто.

Повеќе од интервјуто со Гоцевски во видеото во продолжение..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот