Без тестенини: Рецепт за вкусна и сочна лазања од тиквички

Фото: Alexander Mychko / Alamy / Alamy / Profimedia

Овој прекрасен рецепт за лазањи од тиквички е одлична опција доколку не сакате да користите брашно или тестенини при подготовката. Тиквичките се единственото нешто што ќе ги одвојува вкусните слоеви болоњезе и сирењето.

Подготовката е иста како подготовката на класичните лазањи, единствено е што ќе треба да ги исечете и кратко да ги испржите тиквичките. Ако ги посолите кога ќе се исечат и ги оставите да ослободат вишок течност и ги исцедите, нема страв дека ќе задржат премногу течност и ќе бидат благи.

Ќе ви треба околу час и половина за да ги подготвите лазањите од тиквички, но рерната ќе ја заврши половина од работата за тоа време. Количината на состојки во рецептот е доволна за 12 порции.

Состојки:

– 4-5 средни до големи тиквички, исечени по должина на тенки парчиња
– 2 лажици маслиново масло, поделени
– 3 и пол лажички сол, поделени
– 1 лажичка свежо мелен црн пипер
– 680 г мелено говедско месо
– 1 голем сечкан кромид
– 3 чешниња мелен лук
– 700 мл сос од домати
– 1/2 китка сечкан магдонос
– 1 лажичка сечкан босилек
– 460 г рендано сирење моцарела
– 425 г рикота сирење
– 90 г пармезан, изрендан
– 1 големо јајце

Подготовка:

Тиквичките исечкајте ги на тенки кришки по должина, посипете ги со две лажички сол и оставете ги да ја испуштат течноста. Исцедете ги.

Загрејте тава на силен оган.Тиквичките од двете страни премачкајте ги со маслиново масло и зачинете со 1/2 лажичка бибер. Печете од секоја страна додека не омекнат и не почнат да се лепат за тавата.

Загрејте ја рерната на 190 степени.

Загрејте 1 лажица маслиново масло во длабоко тенџере на средна температура и додадете го меленото говедско месо. Месото динстајте го околу 5 минути. Исцедете ја маснотијата освен 2 лажици.

Додадете го сечканиот кромид и пржете уште 5 минути, а потоа додадете го лукот и пржете уште една минута. Истурете го сосот од домати и половина од босилекот и магдоносот. Зачинете со 1 лажичка сол и половина лажичка бибер. Оставете да зоврие, а потоа покријте и варете 10 минути, повремено мешајќи. Додадете дополнителен зачин по вкус, па тргнете го од оган и оставете го на страна.

Во сад измешајте четвртина од моцарелата, рикота сирењето, пармезанот, 1 јајце, остатокот од босилекот и магдоносот и 1/2 лажичка сол. Добро измешајте.

Нанесете околу половина шолја од филот за месо на дното на сад за печење или плех од 23×33 сантиметри. Покријте со слој тиквички, истурете третина од филот со месо, посипете четвртина од моцарелата и покријте со филот со сирење.

Повторете во три кори – тиквички, фил од месо, моцарела и фил со сирење.

Во лазањите ставете десетина чепкалки, покријте ги со алуминиумска фолија и печете 40 до 45 минути. Отстранете ја фолијата и печете ги лазањите уште 3-4 минути.

Извадете го од рерна и оставете да отстои 15 минути, а потоа исечете и послужете.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот