Неготинка на телефон ѝ кажувала на познаничка за кого да гласа, со напомена дека добива ИПАРД помош

Неготинка телефонски вршела притисок кај жена да гласа за една политичка партија, напоменувајќи ѝ дека е корисник на ИПАРД помош. За неа Јавното обвинителство Кавадарци оформи предмет за кривично дело „повреда на слободата на определување на избирачите“ од член 160 од Кривичниот Законик.

Предметот е во предистражна постапка и се преземаат дејствија за да се утврди дали постојат елементите на пријавеното кривично дело или друго кривично дело кое се гони по службена должност.

Во Јавното обвинителство Кочани примени се известувања од МВР за организирано носење гласачи на избирачко место.

 Јавен обвинител веднаш даде насоки за проверка и прибирање податоци дали при превозот на каков било начин им се влијаело на гласачите во врска со остварувањето на нивното гласачко право, велат од Обвинителството.

Анонимен граѓанин во Ростуше пријавил дека едно лице вршело поткуп на гласачи.

ОЈО Гостивар веднаш даде наредби и насоки, беа направени детални проверки, при што наводите не се потврдија со ниту еден доказ. Освен ова, јавните обвинителства постапуваат и вршат проверки за сите други изолирани настани за кои јавноста претходно беше информирана. Сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства. До затворањето на избирачките места, изборниот ден помина генерално без поголеми нарушувања на гласањето и пријави за изборни инциденти, истакнуваат од Основното јавно обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот