Излезе „Културен печат“ број 228 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 228

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 228, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (27-28.4.2024), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со Славица Јанешлиева за нејзиниот проект во македонскиот павилјон на 60. Уметничко биенале во Венеција: Аспекти на „странецот“ во современиот живот

– македонската теоретичарка на уметност и културна менаџерка Искра Гешоска е добитничка на престижниот Гете-медал за 2024 година

– наградата Гран-при на 17-тото Меѓународно биенале на уметноста на минијатурата во Горњи Милановац му беше врачена на македонскиот уметник Мице Јанкуловски

– наградата „Менада“ за придонес во развојот на балетската уметност постхумно му е доделена на Марин Црвенов

– разговор со гитаристот Џими Роџерс како најава на настапот на дуото „Роџерс и Харисон“ на „Скопски градски фестивал“: Искрено и автентично музичко патување

– петтото издание на „Скопски градски фестивал“, во организација на „Баги комуникации“, ќе се одржи во три фестивалски вечери на 7, 9 и 15 мај

– деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура е отворено со изложбата „Црвеното училиште“ на писателката Дубравка Угрешиќ

– изложбата „Цртеж. Експериментален цртеж“ на ДЛУМ е поставена во куќата на Борко Лазески

– во едукативниот културен центар „Лабораториум“ на 27 април ќе се одржи третата и последна вечер на петтото издание на фестивалот „Крај Вардарот џез“

– промоцијата на новата поетска книга „Денар на валкан тротоар“ од Јовица Ивановски се одржа на 24 април во „Лабораториум“ во Скопје

– новата книга од серијата криминалистички романи на авторот Анде Јанков е со наслов „Кобајаши Мару“

– во издание на „Матица македонска“ излезе од печат најновата стихозбирка „Свилени времиња“ на поетесата Марина Мијаковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот