Визуелните уметници Пандора Апостолоска Саздовска и Сашо Саздовски учествуваа на уметнички симпозиум во Тунис

Пандора Апостолоска Саздовска и Сашо Саздовски

Визуелниот уметник Пандора Апостолоска Саздовска и академскиот скулптор Сашо Саздовски беа поканети од кураторите Рим Ајар од Тунис и Али Рашид од Ирак на Уметнички симпозиум во Тунис како претставници од Македонија.

Симпозиумот со наслов „Заедно“ претставува дела составени од монументални скулптури, слики, графики и цртежи на 38 уметници од Тунис, Мароко, Азербејџан, Катар, Јордан, Ирак, Алжир, Кувајт, Индија, Холандија, Франција, Белгија, Италија, Уругвај, Шпанија, Русија, САД, Романија, Полска и Македонија.

Програмата вклучувала посета на значајни историски споменици на културата, музеи и градови под заштита на УНЕСКО, како синиот град Сиди Бу Саид, археолошкиот локалитет на Картагина, Романскиот амфитеатар во Утина (Uthina) и Ел Џем (El Jem) во Тисдрус (Thysdrus), кој е најголемиот и најсочуван амфитеатар од Римскиот период и е вклучен во Светското културно наследство, и музејот „Ле Бардо“ (Le Bardo) во Медина.

Завршната изложба на шестиот Уметнички симпозиум во Тунис се одржала на 2 мај во Дајар Ал Медина (Картагина ленд), а ќе трае од крајот на мај 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот