ВИДЕО | „Бев целосно исцрпен“: Британец истрча на Лондонскиот маратон и испи 25 чаши вино

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Британец решил да трча маратон за да собере пари за хуманитарна акција, но решил да го засили пиејќи различни вина по пат и погодувајќи ја нивната сорта, годината и земјата на потекло на алкохолот што му го понудиле луѓето, пишува „Њујоркпост“.

Том Гилбеј го подигна нивото за љубителите на вино, но и за тркачите, откако проба 25 чаши вино за време на маратонот во Лондон – една чаша на секои два километри. Неговиот подвиг беше документиран во видео кое има над 4 милиони прегледи на ТикТок.

„Бев целосно исцрпен, но беше одличен ден“, изјавил тој.

Познат како „винскиот човек“ на ТикТок, Британецот често се снима како прави разни тестирања за вкус на алкохол и објаснува како да го добиете најдоброто вино за вашите пари.

Со неговиот последен подвиг тој сакал да собере 2.487 долари за неговата добротворна организација во Оксфорд, која се грижела за неговата мајка во нејзините последни денови. Досега има собрано над 16.000 долари.

Од 25 чаши, седум чаши се вели дека се целосно точни, четири се погрешни, а останатите се главно точни – што значи дека можеби пропуштил еден од критериумите. И покрај тоа, подвигот бил особено импресивен со оглед на тоа што примероците варираат од понуда на шишиња од бензинска до врвни вина.

Гилбеј наводно ја завршил трката за четири часа и 41 минута, вклчувајќи го и застанувањето за дегустирање на вино. Британецот верува дека виното ја направила трката долга 40 километри, не толку бескрајна.

@tomgilbeywine AND WE’VE ONLY DONE A VIDEO … 26.2 miles 25 wines tasted blind 7 fully correct, 4 wrong & 14 mostly right Over £10k raised for @sobell.house Donation link still open in Bio …. BIG FAT THANK YOU ❤️ #londonmarathon #marathon #blindtasting #tomgilbey ♬ original sound – Tom Gilbey

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот