ФОТО | Раскошна венчавка на годината: Милијардер потроши 20 милиони евра за четиридневна прослава

Умар и Нада Кумани / Фото: Profimedia

Милијардерот Умар Камани, основач на брендот „Прити литл тинг“ (Pretty Little Thing) и манекенката Нада Адел направија неверојатна свадба на југот на Франција која долго ќе се памети. Со прослава која траеше четири дена и чинеше 20 милиони евра, не е ни чудо што ова беше наречена „венчавка на годината“, пренесуваат странските медиуми.

Фото: German Larkin / Shutterstock Editorial / Profimedia

Сè започна во четврток, 2 мај, со гламурозна забава за добредојде на гостите, а продолжи во петок, 3 мај, со церемонија на која присуствуваа бројни познати личности. Саботата беше за традиционална индиска венчавка, додека неделата беше резервирана за опуштена скара.

Фото: German Larkin / Shutterstock Editorial / Profimedia

На свадбениот викенд присуствуваа светски познати личности меѓу кои Наоми Кембел, Кристијана Милијан, Теса Томпсон, Тамара Калиниќ, а настапија и Андреа Бочели и Мараја Кери.

Нада блесна во венчаницата на француската куќа „Диор“, креирана од Марија Грација Чиури, нагласувајќи ја едноставноста и елеганцијата. Церемонијата ја заокружи Андреа Бочели со неговата незаборавна изведба на песната „The Prayer“.

Фото: German Larkin / Shutterstock Editorial / Profimedia

Овој спектакл не би бил целосен без романтичниот момент на свршувачката што се случи во 2021 година, кога Умар изнајми опера во Монте Карло и ја изненади својата идна сопруга со 10 илјади бели рози и свеќи.

Фото: German Larkin / Shutterstock Editorial / Profimedia

Оваа свадба, која беше тема на голем број медиуми, ќе остане снимена како раскошен настан кој воодушеви многумина со својата грандиозност и елеганција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот