Лекарка советува: Жените во менопауза треба да консумираат два додатоци

Фото: Профимедиа

Менопаузата означува значителна транзиција во животот на жената, носејќи безброј физички и хормонални промени. Иако ова е природна фаза во животот на секоја жена, нејзините придружни симптоми и импликации на здравјето може многу да варираат: од топли бранови (валунзи), промени во расположението и тешкотии со спиењето до зголемен ризик од остеопороза и кардиоваскуларни болести.

Среде овие транзиции, нутритивната исхрана игра клучна улога, а додатоците во исхраната можат да бидат од голема помош за да се осигураме дека секојдневно ги внесуваме сите хранливи материи што му се потребни на нашето тело.

Со вклучување на одредени додатоци во исхраната во нашата секојдневна рутина, можеме да ги ублажиме симптомите, да го поддржиме здравјето на коските и да ја оптимизираме општата благосостојба во текот на оваа трансформативна фаза.

Интернистката специјализирана за менопауза, д-р Хедер Хирш, истакнала два од најдобрите суплементи клучни за здравјето на жените во менопауза.

1. Калциум со витамин Д

За почеток, д-р Хирш ја нагласува критичната улога на земањето додаток на калциум кој вклучува витамин Д, особено за жените во менопауза.

– За пациентките кои престанале да произведуваат естроген или се блиску до опаѓање на естрогенот, многу е важно да земаат калциум со витамин Д – изјавила таа за „Ши фајндс“ (SheFinds).

Како што опаѓа естрогенот, д-р Хирш објаснува, „квалитетот на коските ќе се намали и коските ќе се истенчат“. Затоа, таа препорачува да се земаат овие додатоци. Докторката истакнува дека е лесно да се заборави на здравјето на коските, но од клучно значење е да не се занемарува оваа област од вашето здравје како што старееме. Затоа ја нагласува важноста на давањето приоритет на здравјето на коските.

2. Мултивитамини

Доктор Хирш, исто така, препорачува вклучување на мултивитамини во нашата исхрана, залагајќи се за едноставност и делотворност.

– Препорачувам еден мултивитамин наутро – советува д-р Хирш.

Таа исто така заклучува дека нашата рутина за суплементација не мора да биде премногу комплицирана и дека додатоците што ги навела се сосема доволни за доброто здравје на жените во менопауза.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот