ФОТО+ВИДЕО | Светски рекорд: Украинка има коса долга 2,57 метри, ја мие еднаш неделно и ја суши 24 часа

Алија Насирова / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Алија Насирова е навикната да привлекува внимание кај луѓето, најмногу поради нејзината неверојатно долга и раскошна коса. Поточно, нејзината коса е со должина од 2,57 метри, поради што неодамна стана и горд сопственик на Гинисов рекорд.

Алија е родум од Украина, додека како светски рекордер беше претставена во италијанската ТВ серија „Шоуто на рекорди“. Триесет и петгодишната девојка е висока само 165 сантиметри, а никогаш во животот немала „обична“ фризура.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Таа сака нејзиниот светски рекорд „да ги инспирира луѓето да уживаат во убавината и да бидат природни“.

Алија живее во Словачка, каде се занимава со уметност, графички дизајн и работи како модел со долга коса. Нејзината најголема инспирација се нејзините мајка и баба, кои исто така имаат многу долга коса, но и ликот од бајките „Златокоса“ (Рапунзел), со која ја споредуваат.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Таа ја мие косата еднаш неделно, за што се потребни околу 30 минути, со дополнителни два часа за нанесување на маската за коса. Вели дека не користи фен и ја суши природно, што обично трае 24 часа.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Ја чешлам косата само кога е сува, што трае еден час. Следам едноставни правила за да ја одржувам здрава. Не ја бојадисувам и земам природни препарати“, открила таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот