ВИДЕО | Гаф на шпанска новинарка: Тони Крос бил разочарување на Мундијалот

Фото: EPA-EFE/JUAN CARLOS HIDALGO

Шпанската новинарка Кристина Куберо во познатата емисија „Ел Чирингито“ го привлече вниманието со гафот во кој го вклучи Тони Крос и германската репрезентација.

Куберо зборуваше за разочарувањата на Мундијалот, па така во групата фудбалери кои ја разочарале го додаде и Тони Крос кој воопшто не играше на Мундијалот затоа што се прости од репрезентацијата на Германија пред една година.

Гафот на новинарката стигна и до самиот Крос кој го објави на неговиот Твитер профил.

„Знаев дека јас ќе бидам виновен“, порача Крос.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот