Ивана Пројковска ќе суди полуфинале во женската фудбалска Лига на шампионите

Ивана Пројковска/фото: ФФМ

Ново големо признание за една од најдобрите судијки во македонскиот фудбал, Ивана Пројковска ќе дели правда на натпревар од полуфиналето во женската фудбалска Лига на шампионите.

В недела на 28 април во Париз на „Паркот на Принцовите“ со почеток од 16.00 часот Пројковска ќе застане на центарот за дуелот меѓу француските екипи на ПСЖ и Олимпик Лион.

По првиот меч тимот на Олимпик Лион има минимална предност од 3:2.

Помошници на Пројковска ќе бидат Вјолца Изеири (Македонија) и Сташа Шпур (Словенија), додека четврти судија е Јелена Цветковиќ од Србија.

В сабота ќе се игра првото полуфинале во ова елитно натпреварување, во Лондон на Стемфорд Бриџ“ од 18.30 часот ќе се соочат англискиот Челси и шпанската Барселона. По првите 90 минути Челси има позитива од 1:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот