Брнабиќ најави формирање работна група за подобар изборен процес

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ се сретнала со претставници на пратенички групи, политички партии на националните малцинства и граѓански организации. Тие постигнале договор за формирање работна група за подобрување на изборниот процес, односно исполнувањето на препораките на ОДИХР, јави Бета.

Како што соопштија од кабинетот на Брнабиќ, на барање на пратениците од опозицијата, со таа работна група ќе претседаваат претставници на граѓанскиот сектор, а нејзиното формирање е договорено за понеделник, 29 април.

„Во однос на работната група за увид, ревизија и контрола на избирачкиот список, не е постигнат договор за формирање. Пратениците на владејачкото мнозинство предложија, заради ефикасност, да се формира работно тело, кое би можело веднаш да почне со работа. На барање на народните пратеници од редовите на опозицијата и претставници на граѓански организации тој предлог не беше прифатен“, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот