Петровска: ВМРО-ДПМНЕ е пример за лажен патриотизам

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во гостување на ТВ21

Министерката за одбрана и носителката на изборната листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ Шест, Славјанка Петровска порача дека ВМРО-ДПМНЕ е пример за лажен патриотизам.

“Името Македонија го нема во вашиот Статут кој го сменивте во 2021 година. Замислете, партијата која тврди дека е најнационалната и најпатриотска партија, ниту еднаш не е спомнато името Република Македонија или Република Северна Македонија. Тој статут на ВМРО-ДПМНЕ зборува за кукавичлукот и за предавството, на народот му е преку глава од лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ“ ѝ и реплицираше Петровска на носителката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.

Дафина Стојановска и возврати на Петровска дека ќе и ги фрли документите кои ги покажува.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот