„Имам 33 години и сѐ уште сум девица“: Жена руши табуа за доцното стапување во сексуални односи

Фото: Инстаграм/Алора Денон Кембел

Кога имала 32 години, Алора Денон Кембел се срамела да признае дека „подоцна процветала“ кога се во прашање романтичните врски и дека сè уште е девица, која не само што немала прва врска, туку и немала ни прв бакнеж, пишува „Њујорк пост“.

„Беше голем срам. Општеството прави сѐ за да почувствувате дека треба да се срамите и дека нешто не е во ред со вас“, изјавила тогаш таа за медиумите.

Фото: Инстаграм/Алора Денон Кембел

Затоа денес, една година подоцна, таа била пресреќна кога слушнала дека актерката Ребел Вилсон (44) ја споделила информацијата дека ја изгубила невиноста дури на 35 години. Вилсон го откри тоа во своите мемоари, кои наскоро ќе бидат објавени, велејќи дека често лажела дека ја изгубила невиноста за да го избегне впечатокот дека е „најголемиот губитник“.

„Луѓето мислат дека ако не си ја изгубил невиноста на одредена возраст, ако не си бил во врска или ако си немал личност која лудувала по тебе, дека си некакво чудовиште. Сите ќе мислат дека нешто не е во ред со тебе“, вели Кембел.

Фото: Инстаграм/Алора Денон Кембел

„Постои овој неправеден контекст дека оние што ‘подоцна процветале’ се мизерни, иако всушност само го истражувале животот на поинаков начин. На крајот на краиштата, Ребел живее извонреден живот и ова признание е само мал дел од тоа која е таа“, додава таа.

Кембел вели дека не избегнувала секс и врски, едноставно тоа не ѝ се случило.

„Се сведе на тоа дека навистина бев фокусирана да го живеам својот живот и дека никој не ми се пушташе. Така, се концентрирав на работи за кои знам дека ми носат радост, односно ја вложив мојата енергија во правење работи за кои знаев дека ќе ми донесат благосостојба, објасни таа.

Фото: Инстаграм/Алора Денон Кембел

Како што минувале годините, Кембел почнала да чувствува дека ја запоставува романсата во нејзиниот живот, додека срамот полека ѝ се натрупувал. На крајот, таа потполно го запоставила својот романтичен живот, убедена дека засекогаш ќе остане сама со својата тајна. Но, кога отворила сметка на ТикТок за време на пандемијата, за малку да се забавува, видела дека не е единствената, односно наишла на жени кои биле девици, па дури и постари од неа.

„Првпат слушнав некој гласно да го признае тоа животно искуство и бев апсолутно шокирана. Дотогаш мислев дека сум единствената на планетава“, изјавила таа.

Фото: Инстаграм/Алора Денон Кембел

Откако стапила во контакт со неколку други жени, кои исто така биле девици, таа решила да си даде предизвик – да оди на осум состаноци до Велигден 2023 година, Кембел ја објави својата тајна во јавноста, споделувајќи ја со 50-те следбеници на ТикТок што ги имала во тоа време. Иако не очекувала успех, тоа видео стана вирално и имаше многу позитивни реакции.

Денон сега има околу 37.000 следбеници и ги ажурира за тоа како се справува со фактот дека сè уште е девица на „30 плус“. Попатно, таа ја започна фејсбук-групата „Оние кои цветаат подоцна: водич за преживување“ („Late Bloomers: Survival Guide“), која има речиси 2.000 членови кои бараат совети и споделуваат приказни за нивните искуства, поточно недостаток на искуство.

Со нејзиното прво момче / Фото: Инстаграм/Алора Денон Кембел

Инаку, по видеото во кое ја сподели својата тајна, Кембел излегуваше со своето прво момче, го доживеа првиот бакнеж и започна заедница на девојки кои почнаа да се забавуваат доцна исто како неа.

„Некои цвеќиња подоцна цветаат. Сега знам дека нема ништо срамно во тоа. Тоа е само дел од мене“, заклучила таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот