Објавена причината за смртта на О.Џ. Симпсон

Фото: EPA/Jason Bean / Reno Gazette-Journa

Откриена е официјалната причина за смртта на поранешна НФЛ ѕвезда О.Џ. Симпсон.

Симпсон, кој беше неславно ослободен од обвинението за убиство во 1995 година поради смртта на неговата поранешна сопруга Никол Браун и нејзиниот пријател Роналд Голдман, починал од рак на простата, според неговиот адвокат Малколм ЛаВерњ, пишува „Индепендент“.

Тој почина на 10 април на 76-годишна возраст. Веста ја објави неговото семејство на социјалните мрежи следниот ден.

Симпсон откри дека се борел со неодредена форма на рак во мај 2023 година, но во објавите на интернет посочи дека ја победил болеста. Г-дин Лаверњ изјави за „TMZ“ дека добил копија од потврдата за смртта на Симпсон и ја потврдил причината за смртта во петокот.

И покрај неговата состојба, деновите пред неговата смрт Симпсон бил „буден, внимателен и смирен“, претходно изјави неговиот адвокат. Г-дин ЛаВерњ додаде дека во една од последните посети на поранешниот фудбалер, тој бил „на каучот… пиел пиво и гледал телевизија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот