ВИДЕО | Музичка експлозија: „Брас брадрс“ и Мијата со нов хит „I Wanted More“

Фото: Промо

Македонската музичка атракција „Брас брадрс“ (Brass Brothers), позната по извонредно динамичните живи настапи ви ја претставува најновата песна, насловена „I Wanted More“, создадена во соработка со македонската пејачка и кантавторка Мијата.

Во оваа интересна музичка соработка, популарниот македонски бенд „Брас брадрс“ и Мијата ги обединија своите сили за да ни го претстават својот прв заеднички проект, „I Wanted More“. Ова ново музичко издание е моќна музичка симбиоза која ги спојува уникатните звуци на бендот со прекрасниот вокал на Мијата.

Ни беше задоволство да соработуваме со Мијата. Нејзиниот уникатен вокален стил ни донесе поинаква перспектива и ја дополни енергијата која сакавме да ја пренесеме преку оваа музичка творба“, изјавија од „Брас брадрс“.

Оваа песна, која се надеваме дека ќе ги освои срцата на клубската публика, е најава за концертот на Мијата на 15 мај во Малата Сала на Филхармонија во рамките на Скопски Градски Фестивал.

Песната „I Wanted More“ е дел од вториот албум на „Брас брадрс“, „We Are Energy“. Таа го задржува добро познатиот енергичен музички потпис на бендот, кој дополнет со денс ритамот повторно создава уникатна и интерактивна музичка приказна.

Музиката и аранжманот се дело на Горан Мицевски Кус, фронтмен и тромбонист во „Брас брадрс“, додека текстот е на Наташа Мијат Крстевска.

Видеозаписот е во режија на Сара Јазаџиска Бибовска, а директор на фотографија е Борис Ралев.

„I Wanted More“ е веќе достапна за преслушување и купување на сите светски дигитални платформи и музички продавници.

„Брас брадрс“ е македонски музички бенд формиран пред 11 години, составен од професионални и талентирани музичари: Горан Мицевски Кус (тромбон), Костадин Бетов (алт саксофон), Пере Мелов (труба), Илија Мицев (труба), Јован Мартиновски (Dj support) и Никола Митрев (труба). Оваа група е препознатлива по своите експлозивни и динамични живи настапи, кои ја освојуваат публиката и ја прават незаменлив дел од перформансот. Brass Brothers донесе уникатна автентична енергија на македонската музичка сцена, пред сè поради специфичната комбинација од брасс секција и динамичен звук.

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот