Тања Савиќ тајно се омажила за 11 години помладиот пилот? Пејачката се разоткри со изјавата: „Тоа е ексклузива“

Тања Савиќ и Мухамед Муки Бешиќ / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Српската пејачка Тања Савиќ првпат искрено проговори за љубовта со 11 години помладиот пилот Мухамед Муки Бешиќ и со својата изјава збуни многумина, пишува српски „Телеграф“.

Имено, таа ја коментираше врската со Муки, па го ослови со „сопруг“, поради што сите веднаш се запрашаа дали Тања во строга тајност го изговорила „судбинското да“?

– Мојот сопруг е навистина прекрасен… Можам да кажам, никој не знае за нас дека сме заедно повеќе од две години и ова е ексклузивно – открила Тања.

Како што понатаму изјавила, двајцата долго време работеле во тајност на врската, а сега тој ѝ помага да ги „изведе“ синовите на вистинскиот пат.

– Долго време се криевме од јавноста, многу работевме на нашата врска и сè уште работиме на неа. Многу работиме со децата и се трудиме да ги изведеме на вистински и на здрав пат – рекла Тања за „Токсик ТВ“.

Инаку, Тања неодамна откри зошто на почетокот криела дека ужива во новата романса.

– Ние се криевме извесно време и беше многу тешко и стресно. Не можам да ѝ откријам на јавноста колку сме навистина заедно. Јас не сум глупава жена да ставам некои работи во етерот и да го покажам својот партнер доколку не сум сигурна во тоа после сè што ми се случи. Јас сум многу внимателна и единствено кога сум 100 отсто сигурна во нешто, тоа го објавувам. Мојата публика заслужува да биде среќна и да биде малку упатена во мојот живот – рекла пејачката и додала:

– Тој е пилот и е 11 години помлад. Секоја чест за него што успеа вака да освои жена која поминала низ сè што поминала. Не можам да паднам на не знам какви приказни и не ме интересираат убавина, моќ и пари. Она на што паѓам се само емоции и тоа шесто сетило кое нè води, ние сите го имаме и треба да го користиме. Мене само ме интересираше како тој размислува и да не користи алкохол или некои недозволени супстанции. Се запознавме во авион, тој ме возеше мене и мојот тим. Нè чекаше на еден дел за приватни летови. Се плашев како ќе го издржам сето тоа. Јас седев позади, мојот менаџер исто така седеше позади. Тоа е мал авион за приватни летови, така што можев убаво да го видам, сите бевме тука. Летавме за Чикаго. Дури потоа почна некакво допишување – изјавила Тања во емисијата „Премиера, викенд специјал“, а потоа се осврнала и на разликата во години.

Тања Савиќ отворено за бракот со поранешниот сопруг: Тоа не беше живот, беше пекол

Тања Савиќ отворено за бракот со поранешниот сопруг: Тоа не беше живот, беше пекол

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот