Тања Савиќ отворено за бракот со поранешниот сопруг: Тоа не беше живот, беше пекол

Тања Савиќ/Инстаграм
Тања Савиќ/Инстаграм

Српската пејачка Тања Савиќ одговараше на прашања од своите следбеници на Инстаграм, а многу од нив беа поврзани околу распадот на бракот со нејзиниот поранешен сопруг Душан Јованчевиќ, со кој последниве две години е во постојана „битка“, затоа што испливаа на површина сите нивни проблеми.

Едно од прашањата која Тања ги доби беше :Како да се ослободите од токсичниот партнер, на што таа одговори:

„Имате на Youtube различни видеа на таа тема, а мене многу ми помогна видеото „Проблеми во врска/брак“- изјави пејачката.

Еден од фановите на Тања ја праша како да престане да се нервира околу човекот кој психички те уништува, на што таа одговори:

„Едноставно излегуваш од тој однос и решен проблем. Тоа не е љубов, тоа е контрола. А кој може да живее ако некој го контролира? Тоа не е живот, тоа е пекол.

Фановите ја прашаа дали ќе напише книга за својата голгота во љубовта и бракот со Душан, како и проблемите што тој ги предизвика во врска со старателството врз двата сина. Тања смета дека би можело да се случи и тоа, но во моментов е преокупирана со други работи.
Следбениците ја пофалија дека изгледа подобро од кога и да е, на што таа одговори

„Тоа е затоа што расчистив со некои работи во својот живот. Како кога чистите во вашиот плакар, сите непотребни алишта ги пакувате и ги исфрлате од дома. Така и јас“

Тања пред неколку дена го прослави својот 36ти роденден и им се заблагодари на сите блиски и фанови за целосната поддршка во тешкиот период.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TANJA SAVIC (@tanja_savic_private)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот