ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Синиша Пекевски: ДУИ дефинитивно оди во опозиција

Синиша Пекевски / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Најголемата придобивка од претстојните парламентарни избори во Македонија, според аналитичарот Синиша Пекевски е тоа што ДУИ дефинитивно ќе напушти власта и ќе се пресели во опозиција.

– Првиот сигнал беше со ставањето на Мерко на „црната листа“, од друга страна вчера гледаме дека Али Ахмети срдечно, како најголеми соработници во Струга се поздравуваат и го организираат митингот, што значи дека им се смејат во очи на своите најголеми поддржувачи и тоа е доволен сигнал да покажат дека ја губат поддршката од САД – вели Пекевски во утринската програма на Слободен Печат.

Пекевски предвиде и дека на претстојните избори ВМРО-ДПМНЕ би можел да освои и повеќе од 61 пратеник, бидејќи по катастрофалниот резултат на претседателските избори, очекува „цунами“ од разочарување на помеѓу гласачкото тело на СДСМ.

Тој верува дека Христијан Мицкоски ќе направи владина коалиција со Вреди, но не верува дека ќе биде добра идеја на власта да ѝ се приклучи и Знам на Максим Димитријевски.

На владејачката партија ѝ прогнозира слична судбина како и на Демократска партија од Србија, која по години владеење се расцепка на повеќе фракции и се пресели на маргини на политичкиот живот.

Повеќе од разговорот во студиото со Пекевски можете да погледнете во видеото во продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот