ВИДЕО | Андоновиќ: Состојбата околу Харков критична, 50 илјади руски војници подготвени за напад?

Анализа со Андоновиќ / Фото Слободен печат

Војна во Украина влегува во 810 ден. Руските сили продолжуваат да го напаѓаат регионот околу Харков. Жестоки борби се водат во Волчанск од каде се евакуира населението. Воениот конфликт започна и во атарот на селото Старица.

Населението се евакуира од Волчанск во областа Харков поради жестоки конфликти.

Според шефот на регионалната полиција, Володимир Тимошко, Волчанск почнува на наликува на во Бахмут или Маринка, каде во моментов се водат улични борби.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека одбранбените сили спроведуваат анти-ударни операции во правец на Харков, особено во близина на Волчанск, каде што украинската одбрана веќе е зајакната.

Тој вели дека главната задача е да се спречи обидот на Русија да ја прошири војната.

Од друга страна генералштабот на руските сили тврди дека руските трупи го освоиле предградието на Волчанск и дека е во тек операција за расчистување.

Карта на Харков / Фото: Dmitry Kaminsky / Alamy / Alamy / Profimedia

Известува дека конфликтот започнал и во регионите на Старица и Суми, поради што почнала евакуација на населението од неколку населени места

Украинските сили објавија дека уништиле колона опрема и пешадија на руската армија, која се обидувала да направи пробив во областа Харков. Исто така, Киев тврди дека соборил руски Су-25 во регионот на Доњецк.

Руската страна пак јави дека за време на украинските напади на рускиот пограничен град Белгород, руското ПВО соборило 16 ракети од типот „вампир“ и три беспилотни летала.

Шефот на Главната разузнавачка управа на Украина, Кирил Буданов, како што пишува Њујорк Тајмс оценил дека ситуацијата за вооружените сили на Украина во регионот Харков станува критична.

Буданов, според Њујорк Тајмс оценил дека на Киев ќе му биде тешко да ги пренасочи украинските единици во регионот Харков, бидејќи тие се концентрирани во други области.

– Искористив сè што имавме, за жал, никој не ни остана во резерва – се пожали првиот човек на Главната управа за разузнавање, пренесе Њујорк Тајмс.

Руското Министерство за одбрана во понеделникот објави дека руските единици ги зазеле Гатише, Красноје, Мороховец и Олејниково во областа Харков.

Секретарот за национална безбедност на Украина Александар Литвиненко вели дека повеќе од 30.000 руски војници учествуваат во офанзивата во областа Харков, а на границата на тој регион има 50.000 војници, кои во секој момент можат да добијат наредба да тргнат кон Харков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот