Француски компир: Рецепт за јадење од 80-тите кое лесно се прави
Никој не знае зошто комбинацијата од парчиња компир, варени јајца и колбаси печени во рерна се нарекува француски компир. Вакво јадење не постои во француската гастрономија, но и покрај тоа, под тоа име често се готвело во осумдесетите години на минатиот век.
Можеби инспирацијтаа за овој рецепт ја нашеле во францускиот гратиниран компир што се пече во крем и сирење, или пак биле инспирирани од класичниот рецепт за тартифлет, кој се прави од компири, кромид, сланина и сирење реблошон.
Ова е еден стар рецепт кој толку лесно се подготвува, а кој ќе го сакаат и новите генерации.
Состојки:
1 кг компири
5 варени јајца
2 пара колбаси по желба
750 мл кисела павлака
сол и бибер по желба
растително масло
Подготовка:
Компирите сварете ги, излупете ги и исечкајте ги на тенки парчиња. Згответе јајца и колбаси. Исечете ги на прстени. Во плех подмачкан со масло наредете ред варени компири, ред колбаси и јајца. Додадете сол и додајте прелив.
Се прелива павлака. Додадете нов ред додека не ги потрошите сите состојки. Врз смесата можете да ставите и малку рендан кашкавал. Се пече во загреана рерна на 180 Целзиусови степени околу 25 минути. Послужете со сезонска салата. Добар апетит!