ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Стојановски: Сиљановска вели дека се бори за правна држава, а најавува помилување на осудените за 27 април

Влатко Стојановски / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

„Се најавува помилување од кандидатката за претседател на осудените за 27 април, на која едно од главните ветувања е дека ќе се залага за правна држава. Дилемата е колку помилување на овие или кои било правосилно осудени лица е компатибилно или е во колизија со таа борба за правна држава“ рече новинарот и уредник на „Фокус“, Влатко Стојановски во утринската програма на „Слободен печат“ и „Градска.мк“.

Тој додаде дека се прави манипулација дека за 27 април се гонат за тероризам, но тоа не е класичен тероризам, туку терористички загрозување на уставниот поредок.

„Тогаш имаше обид да се оневозможи реализирање на волјата на парламентарното мнозинство, без разлика како е струкирано. Имаше јасно декларирана волја на парламентарно мнозинство и упадот беше за спречување на тоа“ рече Стојановски.

Повеќе од разговорот со Стојановски во видеото во продолжение..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот