Русите се поблиску до Харков, Зеленски ги одложи сите патувања

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Руските напади врз Харков не запираат, поради што украинската армија е сè потешко опстојува да ги задржи одбрамбените позиции. Руските единици го овоија градот Вовчанск и селото Бухраватка, и полека поставува позиции околу градот Харков, како и во неговата област.

Поради сериозноста на фронтот околу Харков, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги одложи сите оланирани патувања, соопшти неговиот кабинет.

Упадот на руските сили го потврди и шефот на украинската полиција во Харков кој изјави дека руските сили почнале да воспоставуваат позиции на периферијата на самиот град.

„Ситуацијата е исклучително тешка“, рече тој, за Sky News.

Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, изјави дека сè уште нема планови за евакуација на населението од Харков.

руска армија EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Руската противвоздушна одбрана синоќа собори десет украински ракети ATACMS од американско производство над анектираниот црноморски полуостров Крим. Руското Министерство за одбрана, исто така, објави дека 17 украински беспилотни летала и други проектили биле соборени над регионите Белгород, Курск и Брјанск, пограничните провинции на Русија.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен вчера пристигна во ненадејна посета на Киев и се сретна со Зеленски и вети на Украина воена помош која може да ја промени ситуацијата на бојното поле.

Заклучокот од оваа средба е дека затоа Русите толку брзаат, бидејќи сакаат да направат што е можно повеќе пред Украина да стане значително посилна за околу еден месец.

Како одговор, Украинците се повеќе ги напаѓаат руските позиции на Крим, но нивниот успех не може да се спореди со она што Русите во моментов го постигнуваат околу Харков, пренесуваат западните агенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот