Клоп: Се радувам поради Ливерпул доколку Арне Слот е решението

Арне Слот/фото: EPA-EFE/OLAF KRAAK

Од моментот кога Јирген Клоп со видео порака го шокираше фудбалскиот свет, а особено навивачите на Ливерпул, се шпекулира кој ќе го замени Германецот на клупата на „црвените“, кога на крајот од сезоната ќе го реализира ветувањето и ќе се повлече од клубот од Енфилд, но и од англискиот фудбал воопшто.

Во последните денови се шпекулира името на 45-годишниот Арне Слот кој моментно го води Феенорд.

А според Клоп Холанѓанецот би бил добро решение на клупата на повеќекратниот европски првак, кому му ја врати континенталната круна и го одведе до долгоочекуваната титула шампион во Премиер лигата.

– Само да бидам јасен, не сум вклучен во процесот на избор на нов тренер. Сепак, многу ми се допаѓа ако Слот е тој. Тој сака да ја преземе работата. Ми се допаѓа како неговиот тим игра фудбал.

Некои луѓе што ги познавам го познаваат и немаат ништо друго освен пофалби за него, што многу ми се допаѓа. Среќен сум за клубот ако тој е решението. Не е мое да ги судам овие работи, но сè звучи многу добро – рече Клоп и за него да се биде менаџер на Ливерпул е „најдобрата работа на светот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот