Полицијата ја иселува Кираца Трајковска

Полицијата денеска презема мерки за да ја исели од станот познатата бизнисменка од Скопје, Кираца Трајковска, која беше директорка на Фершпед“.

Како што информираат од полицијата, денеска во времето од 09.30 до 13.30 часот на улица „Петар Попарсов“ во Скопје од страна на МВР постапено е по барање за асистенција од извршител А. Б. за испразнување и предавање на недвижност.

„Согласно член 7 од Законот за полиција, должни сме да постапиме со давање асистенција кога надлежниот орган ќе наиде на отпор или таков отпор оправдано се очекува“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот