ВИДЕО | Вака ќе изгледа големата сцена на Евровизија во Малме: Македонија нема да учествува

Евровизиска сцена во Малме - Фото: EPA-EFE/Johan Nilsson/TT SWEDEN OUT

На официјалниот профил на престижното музичко натпреварување Евровизија е претставена сцената во арената во Малме, која е поставена во средината на салата и има облик на крст.

Евровизиска сцена во Малме – Фото: EPA-EFE/Johan Nilsson/TT SWEDEN OUT

Сцената од 186 квадратни метри има ЛЕД подови, ЛЕД коцки и шарени светла. Содржи дури 2.168 уреди за осветлување, а монтажата траела четири недели. Зад сцената е ЛЕД екран од 340 квадратни метри.

@eurovision Here’s your stage for #Eurovision2024 🥰 #UnitedByMusic ♬ original sound – Eurovision

Многу евровизиски фанови се воодушевени од изгледот.

„Изгледа фантастично“, „Го гледав ова видео 10 пати затоа што е прекрасно“, „Најдобрата сцена од 2019 година, Малме заврши добра работа“, „Еден збор: неверојатно“, беа само дел од коментарите на објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот