Атанасов пред мечот со Спартак: Со помош на навивачите секогаш играме подобро

фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром полека, но сигурно финишира со усовршување на тактиката за саботната пресметка од полуфиналето во АБА 2 лигата на домашен терен против Спартак Суботица од Србија (19.00 часот).

Во пресрет на мечот своите размислувања ги изнесе тренерот на актуелниот македонски шампион, Васко Атанасов. Тој ја потврди решеноста кај сите во тимот и истовремено упати апел кон сите што го сакаат клубот на било каков начин да дојдат во „Јане Сандански“ и да им помогнат да дојдат до посакуваната цел.

Потсетување дека влезот за овој натпревар е слободен за јавноста.

– Ова е еден од натпреварите за кои напорно работиме цела сезона, кои се идеален мегдан да покажеме од што сме создадени и на кои мора да ја оставиме буквално последната капка пот. Спартак Суботица е исклучително квалитетен противник, тим со сериозен буџет и амбиции, поради што мора да бидеме на највисокото можно ниво ако сакаме да дојдеме до посакуваниот триумф.

Верувам дека ќе имаме огромна поддршка од трибините, бидејќи со помош на навивачите секогаш играме подобро. Секој човек ќе ни биде клучен, затоа ги повикувам сите со плаво-бела крв во вените да дојдат и да ни помогнат заедно да го совладаме силниот ривал – вели Атанасов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот