Под број еден на гласачкото ливче беше Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и Коалицијата, потоа број два Гордана Силјановска Давкова кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Стевчо Јакимовски од ГРОМ под број три, под број четири на гласачкото ливче е Бујар Османи кандидат на ДУИ, Билјана Ванковска поддржана од Левица под број пет, број шест беше Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и кандидатот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски под реден број седум.
Во вториот круг ќе се тркаат кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска-Давкова со освоени 362.682 гласови и кандидатот на СДСМ, Пендаровски со освоени 180.306 гласови во прв круг.
Следете ги ВО ЖИВО од минута во минута вестите за претседателските избори:
Претседателски избори 2024
25 април, 2024 15:34
Ќе има поразени во начелото „победник со победник“?
Политиката е прашање на бројки, тој што ќе има повеќе пратеници ќе направи влада, а не тој што е победник кај еден или друг етнички кампус. Концептот на коалицирање победник со победник нема смисла, уште повеќе откако се направи преседан на негово прекршување, вели аналитичарот Марко Трошановски од Институтот за демократија
За ВМРО-ДПМНЕ Сиљановска е сигурен победник во вториот круг, а претседателот Пендаровски гледа шанса во поголемиот одзив на 8 мај
По убедливото двојно водство со над 180.000 гласа разлика на кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, професорката и пратеничката Гордана Сиљановска Давкова пред актуелниот претседател Стево Пендаровски кој, поддржан од владејачката СДСМ и коалицијата „За европска иднина“ освои само 180.306 гласа, од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат гласовите за Силјановска Давкова дополнително да се зголемат во вториот круг на 8 мај. На контото на Сиљановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ ги очекуваат гласовите на претседателските кандидати кои не поминаа во вториот круг, со оглед, како што велат, дека тоа се гласови на опозициски расположени гласачи, а дополнително зголемување очекуваа и со оглед дека на 8 мај се одржуваат и парламентарни избори, кога одзивот на гласачите традиционално е поголем.
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети
Претседателскиот кандидат на албанската опозициска коалиција „Вреди“, Арбен Таравари преку соопштение ја демантира веста објавена од албанскиот „Топ-ченел“ оти вчера тајно се сретнал и добил понуда од претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети по резултати од претседателските избори.
Муцунски: Повеќе гласови за Силјановска Давкова во вториот круг, функционален дијалог со ДУИ како опозиција
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека во вториот круг на претседателските избори нивната кандидатка Гордана Силјановска Давкова ќе има поголем број гласови и оти ќе има поголема излезеност бидејќи, како што рече денеска партискиот потпретседател Тимчо Муцунски, парламентарните избори сами по себе ќе донесат поголема мотивација за гласање, но и ќе има јасно определување каква иднина ќе има Македонија, со корупција или со надеж, проекти и реформи.
-Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ. Граѓаните дадоа жолт картон на корумпираната власт, и црвен картон на политичките партии кои донесоа понижувања, национален срам и порази. Вчера се случи политичко цунами, кое ќе финализира на осми мај со уште поголема победа за ВМРО-ДПМНЕ и испраќање на СДС и ДУИ во опозиција, рече Муцунски на прес-конференција, на која ја истакна разликата од 180 000 гласови помеѓу Силјановска Давкова пред владејачкиот кандидат Стево Пендаровски со кого продолжуават во вториот изборен круг.
25 април, 2024 13:45
Претседателски избори: Силјановска со двојна предност во првиот круг, Пендаровски победи само во две општини
Грчките медиуми за првиот круг од претседателските избори: Чиста победа на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од претседателските избори
Државната новинска агенција АНА-МПА, на почетокот од текстот, што го презедоа речиси сите грчки медиуми, пишува дека „кандидатката на десничарската опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, извојува чиста победа во првиот круг од претседателските избори, со двојно поголем процент од нејзиниот главен противкандидат, кандидатот на владејачката Социјалдемократска партија. Партијата (СДСМ) и претседател во заминување, Стево Пентаровски“.
Орданоски: Програмата на Силјановска е антизападна и е рецепт за катастрофа во надворешната политика
СДСМ значително потфрли во овој круг на претседателските избори, но може да се обиде да го подобри својот резултат во наредните две недели бидејќи меѓу другото имаат и оперативни потфрлања и можат со анализа по општини и поединечно по гласачки места да видат каде можат да ги подобрат резултатите, вели Сашо Ордановски за „Слободен печат“. Треба да се има предвид вели Ордановски дека следат и парламентарните избори, тоа значи се почнува од нула, а дополнително што изборниот модел и донтовиот модел на големите партии им дава предност.
Бурен изборен ден во тетовско, инциденти за време и по гласањето
Вчера во 22.15 часот во Гостивар, полициските службеници од ОВР-Гостивар го лишиле од слобода Ш.Е.(60) од Гостивар, по претходна пријава дека го фотографирал гласачкото ливче во текот на вчерашното гласање за претседателските избори. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Белгиски медиуми: Северна Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
Весникот „Хет Лацте Њуз“ наведува дека доколку актуелниот претседател Стево Пендаровски, член на „проевропската владејачка партија СДСМ“, повторно победи, ќе следи ново гласање за ова прашање, додека од друга страна Силјановска-Давкова, членка на „конзервативната опозициска партија“ ВМРО ДПМНЕ, ја отфрла промената на Уставот.
– Според тоа, победата на ВМРО-ДПМНЕ може да значи привремен крај на европскиот сон на Северна Македонија, заклучува „Хет Лацте Њуз“.
Претседателскиот кандидат на коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари освои 83.356 гласа или 9,21% од вкупниот број на излезени избирачи. Таравари ги победи своите противкандидати во Гостивар каде е и градоначалник и во општина Теарце.
25 април, 2024 12:03
Османи победи во 16 општини
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во првиот круг на претседателските избори победи во 16 општини. Османи освои 120.903 по 99% преброени гласови, но сепак недоволни за втор круг. Кандидатот на ДУИ победи во општините Липково, Арачиново, Шуто Оризари, Чаир, Студеничани, Желино, Сарај, Тетово, Боговиње, Врапчиште, Кичево, Пласница, Долнени, Дебар, Центар Жупа и Струга.
25 април, 2024 11:47
Димитриевски победи во Куманово и покрај „слабата“ излезност
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски ги победи противкандидатите во неговата општина. 14.286 кумановци го дале гласот за Димитриевски што е 30% од вкупниот број на излезени избирачи. По него се Гордана Силјановска-Давкова со 11.982, па следи Стево Пендаровски со 7.399 гласа.
25 април, 2024 11:42
Пендаровски победи во Крушево и Маврово Ростуше
Актуелниот претседател Стево Пендаровски загуби во првиот круг од изборите од неговата противкандидатка Гордана Силјановска-Давкова. Според обработени 99,85 од гласачките ливчиња, Стево Пендаровски во првиот круг победи во општините Крушево и Маврово Ростуше.
25 април, 2024 11:38
Јакимовски собра 10 илјади потписи за кандидатура, но собра само 8.103 гласа
Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски ги собра потребните 10 илјади потписи за претседателска кандидатура но на изборите собра само 8.103 гласа. За Јакимовски во неговата општина Карпош гласале 2.143 избирачи.
25 април, 2024 10:46
Стевчо изгуби во Карпош, Максим и Таравари победија во општините во кои се градоначалници
Од тројцата актуелни градоначалници кои се кандидираа за претседател на државата само двајца добија најголем број гласови во општините каде се градоначалници – Максим Димитриевски во Куманово и Арбен Таравари во Гостивар, додека Стевчо Јакимовски во Карпош освои само шест проценти од гласовите.
Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објави утрово на својата веб-страница покажуваат дека од обработени речиси 100 проценти од гласачките ливчиња, најмногу гласови на вчерашните претседателски избори освои кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 180.306 (19,93%).
ДИК: Од преброени 89,98 проценти од избирачките места, Силјановска Давкова има 324. 177 гласа, Пендаровски 161. 393
Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата влегуваат во вториот круг од претседателските избори што ќе се одржат на 8 мај, истовремено со единаесеттите парламентарни избори во земјата.
Ванковска: Мојата цел не беше да победам, туку да вознемирам една застојана елита
Мојата цел беше не да победам туку да вознемирам една застојана елита. Колку успеав, ќе видите наскоро. Не сакам да бидам пророчица, но новиот претседател ќе се соочи со сето она за што предупредував, напиша Ванковска Фејсбук
ВИДЕО | Ковачевски: Јасно е дека луѓето не казнија и ние тоа го прифаќаме, во вториот круг очекуваме подобри резултати
Јасно е дека луѓето не казнија и ние тоа го прифаќаме. Денес е тежок удар за европската перспектива, но сè уште не е доцна да се смени правецот. Никогаш нема да се откажеме од европската иднина и имаме уште две недели да ја испратиме пораката до секој град, село, куќа и до секој граѓанин дека единствениот начин за вистинска и суштинска промена е европската интеграција, порача лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски
ВИДЕО | Мицкоски: Ова е најдобриот резултат што ВМРО-ДПМНЕ го имала од позиција на опозиција
Денеска народот покажа дека си ја сака Македонија. Ветивме над 100.000 победа, победивме со над 170.000 гласови. Ме потценуваа мислеа со мали деца имаат работа. Со народот покажавме дека Македонија ја има и ќе ја има уште долго време, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција.
ВИДЕО | Пендаровски: Резултатите не се такви какви што очекував, од утре продолжуваме со средби со граѓаните
Актуелниот претседател на државата и кандидат за втор мандат, Стево Пендаровски на прес-конференција истакна дека резултатите од првиот круг на изборите не се такви какви што ги очекувал.
Тој е убеден дека неговиот концепт бил супериорен, ги опфаќа сите етнички заедници, луѓето од сите социјални категории и од сите општини. Сите тие, вели, биле убедени во неговиот концепт.
ДИК: Силјановска-Давкова 287.192, Пендаровски 140.272, по 80% обработени избирачи
Кандидатката за претседатателка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ води со 147 илјади гласа разлика пред кандидатот на СДСМ кој има 140.272 гласа, покажуваат резултатите на електронскиот систем на Државната изборна комисија по обработени 80% од избирачите.
Таа најави дека она што ќе го вети ќе го оствари на нејзин начин и дека со должна почит ќе се однесува кон противкандидатот во вториот круг.
Притоа нагласи дека претседателот на државата мора да биде натпартиска личност и дека таа ќе соработува со сите – и власт и опозиција и со медиумите.
24 април, 2024 22:23
Груби: Спектакулрана победа на Европскиот фронт предводен од ДУИ
Вицепремиерот и министер за политички систем од редовите на ДУИ, Артан Груби вечерва од плоштадот на „Скендербег“ во Скопје, каде беше лоциран Изборниот штаб на противкандидатот Таравари изјави дека ова е „спектакуларна победа за коалицијата на Европскиот фронт“, предводена од ДУИ.
Јакимовски разочаран од резултатите, го призна поразот на изборите
Претседателскиот кандидат од коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, Стевчо Јакимовски, го призна поразот на претседателските избори и ѝ посака среќа во вториот круг на кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова.
Османи задоволен од победата над албанската опозиција
Претседателскиот кандидат на ДУИ и Европскиот фронт, Бујар Османи на прес-конференција во изборниот штаб во Мала Речица прогласи победа над албанската опозиција во сите општини а разликата вели е над 40 илјади гласови.
Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори според кои нивниот кандидат за претседател Бујар Османи е на третото место пред кандидатот за здружената албанска опозиција Арбен Таравари.
Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори според кои нивниот кандидат за претседател Бујар Османи е на третото место пред кандидатот за здружената албанска опозиција Арбен Таравари.
Симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ се собираат пред партиското седиште
ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во првиот круг од претседателските избори. По обработени 70 отсто од гласачките ливчиња за Силјановска-Давкова гласале 247.366 избирачи што е за 125 илјади повеќе од актуелниот претседател Стево Пендаровски.
Обработени над 69 отсто од гласачките ливчиња – предност на Силјановска Давкова пред Пендаровски
Државната изборна комисија обработи 69,28 отсто од гласачките ливчиња или 1.193.280 од вкупно 1.814.317. Предност има кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова со освоени 238.726 гласови, потоа втор е Стево Пендаровски кандидат на СДСМ со 116.948 гласови.
Првични резултати на ДИК: Силјановска Давкова со двојна предност пред Пендаровски
Според обработените 966.001 гласачки ливчиња од вкупно 1.814.317(53,24%) Гордана Силјановска Давкова има 171.264 или 37,07 отсто од гласовите, а втор е Стево Пендаровски со 84.523 или 18,29 проценти од гласовите.
Според првичните резултати во предност е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова со 36,01 проценти или 128.521 глас. Бујар Османи е втор со 17,59 отсто или 62.772 гласови, а трет е Стево Пендаровски со 62.484 гласови.
ВМРО-ДПМНЕ објави дека Силјановска-Давкова води пред Пендаровски
Податоците што ги објавува ВМРО-ДПМНЕ по пребројување на гласачките ливвчиња покажуваат убедлива предност на нивната кандидатка за претседател на државата, Гордана Силјановска-Давкова пред кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски.
МВР за изборните нерегуларности: Фотографирање на гласачко ливче, шест пријави за поткуп, 15 пријави за агитирање на гласачко место
Изборниот процес помина без пречки и поголеми инциденти. Во текот на денешниот ден евидентирани се вкупно 12 случаи на фотографирање на гласачкото ливче, два случаи на кинење на гласачкото ливче, шест пријави за нудење поткуп и 15 пријави за агитирање на гласачко мести. Не се евидентирани други посериозни инциденти и нарушување на регуларноста на изборниот процес, информираа техничкиот министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик-министер Митко Бојмацалиев
Кузеска: Ги очекуваме резултатите, уверени сме дека граѓаните ќе поддржат европска иднина за Македонија
Богданка Кузеска од Изборниот штаб на кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, на прес-конференција по затворањето на избирачките места изјави дека изборниот ден бил демократски, а гласањето се одвивало во фер и демократска атмосфера.
Граѓаните од Чаир и Бутел се надеваат на подобро раководство и фер избори
Денеска екипата на „Слободен печат“ зеде изјава од претседателите на Избирачките одбори во гласачките места на Општините Чаир и Бутел.
Претседателката на Избирачкиот одбор на гласачкото место бр. 2917, Фатиме Јашари во општина Бутел изјави дека процесот на ова гласачко место се одвиваше во тек, без никакви нерегуларности. Таа додаде дека бројот на гласачите бил доста голем.
Села: Поважна е победата на идејата за избор на претседател во Собранието
Нашите очекувања се дека ќе победи кандидатот што го поддржуваме и поважна од оваа победа е победата на концептот и идејата што ја претставува оваа коалиција, изјави Зијадин Села.
ДИК: До 18:30 часот излезноста е 48,46 отсто, гласањето продолжено во Демир Хисар, Липково, Делчево и Могила
Излезноста до 18:30 часот, според обработените резултати од Државната изборна комисија е 48,46 отсто во 3.174 избирачки места. Од вкупно запишани 1.653.023 гласачи, гласале 801.074 граѓани.
Митрески: Очекувам голема излезност бидејќи од гласот на граѓаните зависи иднината на државата
Верувам дека денес изборниот ден ќе помине во најдобар ред, како што личи на една демократска држава. Во изминатите изборни циклуси покажавме дека како држава може да органзиираме фер и демократски избори, според европските стандарди и правила, изјави Митрески по гласањето.
Димитриевски: Нека денешниот ден биде празник на демократијата во Македонија
Народот да се одважи, да излезе, што помасовно и да ја даде поддршката на тој за кој смета дека ја заслужува. А секако јас како кандидат ќе ја почитувам народната волја, на сите граѓани на Макеоднија. Нека денешниот ден биде празник на демократијата во Македонија и на Балканот, изјави Димитриевски.
Адеми: Очекуваме голема победа за Бујар Османи, волјата на граѓаните е запишана!
Арбер Адеми, шеф на изборниот штаб на ДУИ и Европскиот фронт, на прес-конференција по затворањето на гласачките места истакна дека очекувањата се нивниот кандидат за претседател Бујар Османи да оствари голема победа
ЈО: Нема ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите
Ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите не пристигнала на електронската среда на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во текот на денешниот изборен ден до затворањето на избирачките места, соопштија од Обвинителството.
Таравари: Изборите да бидат фер и демократски и нека победи подобриот
Мојата порака до сите е овие избори да бидат фер и демократски и да победи подобриот. Ние секој резултат ќе го прифатиме. Атмосферата е добра, има ентузијазам и гледам дека граѓаните масовно излегуваа, што е добар знак за опозицијата, изјави Таравари.
Јакимовски: Најголема штета се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа
Најголема штета се прави на Македонија, ако не се излегува да се гласа, рече денеска кандидатот за претседател на државата на коалицијата „Храбро за Македонија“ и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.
Мицкоски: Колку е поголем бројот на тие кои гласаат толку промените ќе бидат посилни
Колку е поголем бројот на тие кои гласаат толку промените ќе бидат посилни. Со масовна излезност на изборите заеднички ја определуваме траекторијата по која ќе се движиме, порача денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
ВО ЖИВО: Прес-конференција на МВР за изборниот процес
24 април, 2024 19:28
Дијаспората гласаше: Силјановска-Давкова со двојно повеќе гласови од Пендаровски
Според податоците од Дипломатско конзуларните претставништва, без САД и Канада, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова на седмите Претседателски избори има освоено 359 гласови од дијаспората, а втор по број на гласови е Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ – 185 гласови.
Ванковска: Ова е политичка битка во која со чинот на гласање ја изразувам сопствената убеденост во тоа што го говорам
По гласањето изјави дека на 60-годишнината од основното училиште „Јан Амос Коменски”, каде што првпат зачекорила во школските клупи, денеска, рече, зачекорила да го даде гласот за себе.
Ковачевски: Очекувам граѓаните да го искористат своето гласачко право – Денеска е првиот чекор кон големата одлука
Ние во текот на изминатите седум години, ја вративме заедно со граѓаните, демократијата во државата. Затоа верувам дека граѓаните имаат доверба во изборниот процес и тоа ќе го покажат со бројноста на своето гласање. Ова денеска го истакна лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски во изјава за медиуми, откако гласаше за претседател на државата.
Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните на Македонија денеска можеа да гласаат на седмите претседателски избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.
Ахмети: Изборите да бидат по сите европски стандарди
Лидерот на ДУИ Али Ахмети по гласањето на претседателските избори порача дека посакува изборите да бидат по сите европски стандарди. Тој рече дека од неговиот Зајас, го искористил демократското право на глас за да остави трага на својот придонес во трасирање на европската иднина.
Османи: Одлучувачки избори за иднината на државата
Претседателскиот кандидат на ДУИ и Европскиот фронт, Бујар Османи по гласањето во скопски Чаир им порача на граѓаните да гласаат според своето убедување, но да гласаат со цел и надеж за подобри денови на нашата држава во големото европско семејство.
Силјановска-Давкова: На следните избори да ја примениме препораката за отстранување на изборниот праг од 40 отсто во вториот изборен круг
Направете го вистинскиот избор, споредете не само програми, споредете што се случуваше. Јас бев во Собранието, а сегашниот претседател беше претседател и мислам дека многу лесно можете да донесете одлука, им порача на гласачите Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на државата поддржан од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, по искористувањето на своето право на глас за претседателските избори на избирачкото место 2866 во ОУ „Коле Неделковски“ во Скопје.
Силјановска-Давкова: На следните избори да ја примениме препораката за отстранување на изборниот праг од 40 отсто во вториот изборен круг
Направете го вистинскиот избор, споредете не само програми, споредете што се случуваше. Јас бев во Собранието, а сегашниот претседател беше претседател и мислам дека многу лесно можете да донесете одлука, им порача на гласачите Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на државата поддржан од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, по искористувањето на своето право на глас за претседателските избори на избирачкото место 2866 во ОУ „Коле Неделковски“ во Скопје.
Пендаровски: Држава која преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес
Држава која преговара со Европската Унија не смее да си дозволи лош изборен процес, порача претпладнево претседателскиот кандидат Стево Пендаровски по гласањето на своето избирачко место, додавајќи дека очекува мирен изборен ден.
Пендаровски: Држава која преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес
Држава која преговара со Европската Унија не смее да си дозволи лош изборен процес, порача претпладнево претседателскиот кандидат Стево Пендаровски по гласањето на своето избирачко место, додавајќи дека очекува мирен изборен ден.
ВО ЖИВО прес-конференција на Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
24 април, 2024 18:53
ДИК на полноќ ќе ги соопшти првите неофицијални резултати од претседателските избори
Државната изборна комисија (ДИК) околу полноќ ќе ги соопшти првите неофицијални резултати од првиот круг од Претседателските избори. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски на прес-конференција информираше дека до 17 часот доставени се 308 приговори за заштита на лично избирачко право, од кои 75 се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат правото на глас, 25 се отфрлени како неуредни, 38 се одбиени, а останатите се во обработка.
24 април, 2024 18:52
ФОТОГАЛЕРИЈА | Македонија избира претседател!
Македонските граѓани денеска гласаат на седмите претседателски избори, а во трка се седум кандидати. Граѓаните имаат можност својот глас да го дадат на еден од кандидатите. Процесот на гласање е главно регуларен и се одвива без проблеми, со ретки исклучоци.
На 84-те избирачки места во Велес и велешко од 44.858 избирачи до 17 часот на гласање излегле 20,678 или 46,12 отсто од избирачите
24 април, 2024 18:15
Во Куманово гласале 40 проценти од избирачите, во Липково 32, во Старо Нагоричане 44 отсто
Според податоците на Државната изборна комисија во Куманово до 17 часот гласале 40, 98 проценти од обработените 59,65 отсто. Во Куманово право на глас имаат 93.364 гласачи кои гласаат на 167 избирачки места.
Во Липково, како што наведува ДИК, гласале 32,01 процент од 99,90 отсто од обработените податоци. Во оваа општина право на глас имаат 25.998 избирачи кои гласаат на 36 места.
Според податоците на ДИК во Старо Нагоричане до 17 часот гласале 44,43 проценти од обработените 99,87 проценти. Таму право на глас имаат 3.043 гласачи кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ги опслужуваат 36 избирачки одбори.
24 април, 2024 18:14
До 17 часот во Струга излезноста 29 отсто, во Вевчани 56 проценти
Дваесет и девет отсто од регистрираните 60.894 гласачи во општина Струга до 17 часот го оствариле своето гласачко право на првиот круг од претседателските избори. Излезноста до 17 часот во општина Вевчани е 56 проценти од евидентирани 2.072 гласачи во избирачкиот список.
24 април, 2024 18:11
ВИДЕО: Во Тетово за 6 % поголема излезност отколку на претходните претседателски избори
Мирно, со одредени технички проблеми кои не влијаат на изборниот процес поминува гласањето во Тетово, информираат за „Слободен печат“ од Општинската изборна комисија Тетово.
До 17 часот во Општина Тетово гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупно 86.405 гласачи за денешниот прв круг од гласањето за избор на претседател на државата. Во Општина Тетово се гласа на вкупно 117 избирачки места.
24 април, 2024 18:08
Во Неготино излезеноста до 17 часот 55,22, а во Демир Капија 55,85 отсто
Излезеноста на гласачите на денешните претседателски избори до 17 часот во општина Неготино изнесува 55,22 отсто, а во општина Демир Капија 55,85 отсто.
24 април, 2024 17:55
До 17 часот гласале 44,18 отсто граѓани, во главниот град најголема излезност во Карпош
До 17 часот одзивот во првиот круг од претседателските избори е 44,18 процени на 1.788 избирачки места според податоците од Државната изборна комисија.
Мирно тече гласањето за избор на претседател на државата во повеќето гласачки места. „Слободен печат“ го посети ОУ „Гоце Делчев“ во општина Центар, каде се наоѓаат три гласачки места 2848, 2849 и 2853.
ВО ЖИВО ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДИК: Излезност до 17 часот
24 април, 2024 17:36
ВИДЕОАНКЕТА: Што очекуваат граѓаните од изборите?
Коренити промени во здравството и подобар живот за семејствата во социјален ризик и пензионерите, се дел од желбите и очекувањата на граѓаните по изборите. Во тек е гласањето за претседател на државата. „Слободен печат“ посети неколку гласачки места, избирачите претежно задоволни од организацијата на изборите.
Во Битола до 17 часот гласале 50 проценти од избирачите
На денешните претседателски избори во Битола до 17 часот гласале околу 50 отсто од избирачите запишани во единствениот Избирачки список. Ова за „Слободен печат“ го изјави претседателот на Општинската изборна комисија на Битола, Игор Талевски.
До 15 часот во општина Гостивар во првиот круг од претседателските избори гласале 20.687 граѓани, односно 25,41 отсто. Во општина Гостивар право на глас имаат 81.517 регистрирани гласачи во избирачкиот список кои денес гласаат 121 избирачко место.
24 април, 2024 17:11
Над 30 отсто од гласачите го оствариле правото во Делчево и Македонска Каменица до 15 часот
Во Делчево и Македонска Каменица до 15 часот во првиот круг од претседателските избори, правото на глас го оствариле 7.599 граѓани. Процентот на излезеност до 15 часот во Делчево изнесува 37 проценти, додека во Македонска Каменица - 33, 68 отсто.
24 април, 2024 16:41
Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња
За време на изборниот процес, од 11 до 14 часот пријавени се пет лица кои ги фотографирале гласачките ливчиња, соопшти Министерството за внатрешни работи.
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
До 15 часот на 84 избирачки места во Велес и велешко од 44.858 избирачи правото на глас го оствариле 17.459 гласачи или 38,93 отсто.
Во Општина Чашка на 31 избирачко место со 6.076 гласачи на единствениот избирачки список до 15 часот гласале 2.260 избирачи или 37 отсто, информираат од ОИК Чашка.
Во Општина Градско на 11 избирачки места со 3.019 гласачи до 15 часот гласале 1.260 или 41,64 отсто што е најмногу од овие три општини.
24 април, 2024 16:29
Од 86.405 граѓани до 15 часот во Општина Тетово гласале 27.102 луѓе
До 15 часот во Општина Тетово гласале 27.102 луѓе или 32,82 отсто од вкупниот број на 86.405 гласачи за денешниот прв круг од гласањето за избор на претседател на државата. Во Општина Тетово се гласа на вкупно 117 избирачки места.
24 април, 2024 16:10
Излесност до 15 часот: Во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
Во општина Дебар, до 15 часот правото на глас го оствариле 4328 граѓани или 22 отсто од вкупно 19.334 запишани во единствениот избирачки список. На минатите претседателски избори, до 15 часот во првиот круг гласале 30 отсто, додека во второт круг 17 отсто од вкупно 18.574 гласачи. Во општина Центар Жупа, според претседателот на ОИК, Неџип Илјаз, од вкупното гласачко тело, 7.383 лица, до 15 часот гласале 966 или 13,11 отсто. Во првиот круг од минатите претседателски избори, 21 април 2019 година, до 15 часот правото на глас го искористиле 679 или 10 отсто од вкупно запишаните 6.953, додека во вторит круг гласале 831 или околу 12 отсто.
24 април, 2024 16:10
Излесност до 15 часот: Во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
Во општина Дебар, до 15 часот правото на глас го оствариле 4328 граѓани или 22 отсто од вкупно 19.334 запишани во единствениот избирачки список. На минатите претседателски избори, до 15 часот во првиот круг гласале 30 отсто, додека во второт круг 17 отсто од вкупно 18.574 гласачи. Во општина Центар Жупа, според претседателот на ОИК, Неџип Илјаз, од вкупното гласачко тело, 7.383 лица, до 15 часот гласале 966 или 13,11 отсто. Во првиот круг од минатите претседателски избори, 21 април 2019 година, до 15 часот правото на глас го искористиле 679 или 10 отсто од вкупно запишаните 6.953, додека во вторит круг гласале 831 или околу 12 отсто.
24 април, 2024 16:09
Во Кавадарци, Неготино и Демир Капија над 40 проценти излезеност до 15 часот
Во општина Кавадарци гласале 42.71 отсто од лицата со право на глас, во Неготино гласале 7.071 лице или 44.64 проценти од избирачите, а во Демир Капија 46.93 отсто од гласачите.
24 април, 2024 16:07
До ДИК поднесени 233 приговори за заштита на избирачкото право
До овој момент до ДИК се доставени вкупно 233 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 38 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 21 приговори се отфрлени како неуредни, а 22 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.
24 април, 2024 16:02
Најголема излезност во Новаци, најмала во Центар Жупа
Најголема излезност има во Новаци – 57,69 отсто, а најмала во Центар Жупа 13,11 проценти. Во Скопје најголема излезност до 15 часот има во општината Карпош – 45,24 отсто, а гласале 25.053 лица.
24 април, 2024 15:54
Излесноста до 15 часот 35,26 отсто
До 15 часот, 534.988 граѓани го оствариле своето право на глас.
24 април, 2024 15:16
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
Излезноста во Крива Паланка до 13 часот изнесува 42,08 отсто од вкупниот број 16.518 граѓаните со право на глас за изборите за претседател на државата.
24 април, 2024 15:03
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
Четириесет и осумгодишен охриѓанец е приведен утрово бидејќи го фотографирал гласачкото ливче на Избирачкото место 1271 во Охрид.
24 април, 2024 14:52
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
Како што информираа од Општинската изборна комисија, во Делчево до 13 часот во оваа општина гласале 4200 граѓани од 14.490 граѓани со право на глас, колку што се запишани во избирачкиот список. Во Македонска Каменица 1598 или 24,06 проценти од гласачите го оствариле своето право на глас до 13:00 часот на првиот круг од претседателските избори 2024.
24 април, 2024 14:47
Во Охрид до 13 часот гласале 23,83 проценти од гласачите, во Дебрца излезноста 23%
Излезноста на првиот круг од претседателските избори во Охрид до 13 часот е 23,82 отсто додека пак во општина Дебрца до 13 часот е 28 проценти.
24 април, 2024 14:42
До 13 часот во Куманово одзивот 23, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22 проценти
Според податоците на Државната изборна комисија во Куманово до 13 часот гласале 23,08 проценти од обработените 71,81 отсто. Во Куманово право на глас имаат 93.364 гласачи кои гласаат на 167 избирачки места.
Во Липково гласале 16,15 проценти од 99,90 отсто од обработените податоци. Во оваа општина право на глас имаат 25.998 избирачи кои гласаат на 36 места.
Според податоците на ДИК во Старо Нагоричане до 13 часот гласале 22,38 проценти од обработените 99,87 проценти. Таму право на глас имаат 3.043 гласачи кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ги опслужуваат 36 избирачки одбори.
24 април, 2024 14:37
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
На 84 избирачки места во Велес и велешко, од вкупно 44 858 на Избирачкиот список, до 13 часот на гласање излегле 13 261 или во проценти 29,56. Во општина Градско на гласање излегле 1014 односно 33,51 проценти од избирачите.
24 април, 2024 14:34
Бојмацалиев: МВР работи исклучиво по закон за фер, слободни и демократски избори
„Гласањето не беше започнато на неколку места во предвиденото време, а на неколку е почнато со задоцнување или прекинато, на различни подрачја, сите поради технички проблем со читачот на отпечаток на прст. На подрачје на СВР Скопје во врска со пријава за испукана димна бомба, од страна на тим на антитероризам извршена е проверка, подигната е направата и објектот е предаден на Претседателот на Избирачки одбор. На подрачје на СВР Куманово регистрирани се два настани и тоа пријава за организирано носење на гласање на стари лица и поставен штаб во близина на гласачко место. За време на предизборниот молк, во периодот од 06,00 до 07,00 часот, регистрирани се три настани на подрачје на СВР Скопје за испишани графити”, информираше Бојмацалиев.
24 април, 2024 14:20
Излезноста во Струга до 13 часот 16%, во Вевчани 33%
Излезноста до 13 часот на првиот круг од претседателските избори во општина Струга е 16 проценти, а во Вевчани 33,33 отсто.
24 април, 2024 14:15
Излезноста до 13 часот во Општина Тетово е 21,14 отсто
До 13 часот во Општина Тетово гласале 17.967 луѓе или 21,27% отсто од вкупниот број на 86.405 гласачи за денешниот прв круг од гласањето за избор на претседател на државата. Во Општина Тетово се гласа на вкупно 117 избирачки места.
24 април, 2024 14:13
Во Кавадарци, Неготино и Демир Капија над 30 проценти излезност до 13 часот
Во општина Кавадарци гласале 31.5 отсто од лицата со право на глас, во Неготино 34 отсто од избирачите, а во Демир Капија 34.32 проценти од гласачите.
24 април, 2024 14:08
Во Дебар до 13 часот излезноста на изборите е 13 отсто, во Центар Жупа 9,12
До 13 часот во општина Дебар правото на глас го искористиле 2.566 лице или 13 отсто од вкупно запишаните 19.334 лица во единствениот избирачки список. Во сите 27 гласачки места изборниот ден минува во најдобар ред.
Во Центар Жупа правото на глас до 13 часот го остварија 672 граѓани или 9,12 отсто од вкупно запишаните 7.383. На сите 16 избирачки места гласањето се одвива тековно.
24 април, 2024 14:02
Излезноста до 13 часот е 26,3 проценти, поднесени 140 приговори до ДИК
Гласањето досега се одвива мирно на сите гласачки места, информираше Државната изборна комисија.
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните
Според најновите податоци од комисиите, во Прилеп до 13 часот на гласање изглегле 31,41 проценти од вкупно запишаните 62 082 избирачи на 142 избирачки места. Процентот на излезност во Крушево е 36,66 отсто од запишаните 7 755 избирачи, а во општина Кривогаштани до 13 часот гласале 30,6 проценти од запишаните 4 428 граѓани со право на глас.
24 април, 2024 13:55
Албански медиуми: Фер и демократски избори но со слаба излесност
Албанските медиуми контунирано информираат за денешниот прв круг од претседателските избори. Сите, без исклучок, посебен акцент ставаат на тоа дека во изборната трка за Претседател на државата, од седум кандидати двајца се Албанци. Медимите известуваа и за изборната кампања, а неколку телевизиски екипи го следат денешниот изборен тек.
Излесноста до 13 часот е 26,35 отсто: Најголема излесност во Новаци, најмала во Врапчиште
24 април, 2024 13:36
Во Велес до 11 часот излезеноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
Во Велес и велешко на 84 избирачки места до 11 часот денеска од вкупно 44 858 на единствениот избирачки список на гласање за првиот круг од Претседателските избори излегле 7329 гласачи или 16,34 проценти.
24 април, 2024 13:36
ВО ЖИВО: ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДИК ЗА ИЗЛЕЗНОСТ ДО 13 ЧАСОТ
24 април, 2024 13:09
Во Охрид до 11 часот излезноста на изборите 12,94 отсто
На денешните претседателски избори во општина Охрид до 11 часот правото на глас го оствариле 12,94 проценти од гражаните со право на глас.
Излезноста на изборите за истиот период на гласачките места во Општина Дебрца изнесува 14 проценти.
24 април, 2024 13:07
Изборни нерегуларности: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место, се фотографирале и гласачки ливчиња
Од отворање на гласачките места до сега, регистрирани се две фотографирања на гласачки ливчиња, едно во Скопје, а едно во Штип. Во Бучим, Радовишко едно лице го покажало гласачкото ливче на набљудувач. За сите овие настани, портпаролот на МВР Тони Ангеловски, информираше дека се преземаат мерки за расчистување.
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
Четири часа по отворањето на избирачките места во кочанскиот регион излезноста за претседателските избори е околу 13 отсто.
24 април, 2024 12:41
Мисијата на ОДИХР првичните резултати од изборите ќе ги презентира утре
По посета на две избирачки места претпладнево, претставничката на меѓународната мисијата за набљудување на изборите ОДИХР, оцени дека почетокот е добар, но целосна проценка за тоа како се одвива изборниот процес ќе имаат откако на крајот на денот ќе ги соберат податоците од гласачки места низ целата држава.
Во Демир Капија до 11 часот гласале 23.99 проценти од гласачите
Во Демир Капија до 11 часот гласале 23.99 проценти од гласачите односно 769 избирачи го дале својот глас на претседателските избори.
24 април, 2024 12:30
До 11 часот во Кавадарци гласале 18 проценти од гласачите
Во Кавадарци до 11 часот гласале 18 проценти од гласачите, информираше претседателката на ОИК, Емилија Петровска. Таа претходно соопшти дека навремено биле отворени гласачките места.
24 април, 2024 12:20
Во Прилеп на гласање излегле 17,26 проценти од избирачите
До 11 часот во Прилеп своето право на глас го остварите 17,26 проценти од вкупно запишаните 62.082 избирачи, во Долнени од 11.730 избирачи до 11 часот на гласање излегле7,6 проценти, а во општина Кривогаштани на гласање излегле 14,43 насто од 4.428 граѓани со право на глас.
24 април, 2024 12:13
До 11 часот гласале 229.458 избирачи, излезноста 12.78%
24 април, 2024 12:06
ВИДЕО | Дерала: Мирен почеток на изборниот ден, граѓаните и граѓанките можат лесно да го најдат своето избирачко место и да гласаат
Ова е една ситуација во која ние сме навикнати да бидеме веќе 16 години, поточно ова е 16 година како набљудуваме избори во земјата, а се разбира во нашето 25 годишно искуство имаме искуство за тоа да знаеме што се човекови права, слободи и како тие се следат, а се разбира и како се бранат, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала во интервју на „Слободен печат“.
ФОТО: 87 годишниот Жарко Сарџоски од Тетово не пропуштил ниту еднo глaсање, како поминува изборниот ден во полошко?
Во мирна и демократска атмосвера се одвива изборниот ден во полошко за првиот круг од претседателските избори.
Имаше гласачи кои традиционално своето прво на глас го остварија уште во утринските часови. Еден од нив е и 87 годишниот Жарко Сарџоски од Тетово. Вели дека досега не пропуштил ниту едно гласање. Тоа е моја должност, а на денот на изборите и најголема граѓанска должност, затоа и гласам наутро, додава тој.
Во Неготино до 11 часот гласале 19 отсто од избирачите
Во Неготино до 11 часот гласале 19 отсто од избирачите, на гласање излегле 3.007 лица со право на избор.
24 април, 2024 11:35
Во Кавадарци до девет часот гласале пет отсто од гласачите
Во Кавадарци до девет часот гласале пет проценти од гласачите, информираше претседателката на Општинската изборна комисија, Емилија Петровска.
24 април, 2024 11:25
Излезноста во Крива Паланка до 9 часот - 9,54%, во Кратово 6,85%
Во Крива Паланка излезноста на гласачите во првите два часа од изборниот ден изнесува 9,54 отсто. Во Кратово до девет часот излезноста е 6,85 отсто, додека во Општина Ранковце е нешто пониска и изнесува 5,32 отсто.
24 април, 2024 11:06
Прес-конференција на ОБСЕ
Проследете ја изјавата на претставничката на ОБСЕ, по повод претседателските избори.
24 април, 2024 10:57
Во Демир Капија до 9 часот гласале 9,42 проценти на гласачи
Во Демир Капија до девет часот гласале 9,42 проценти на гласачи, својот глас го дале 302 лица со право на избор на претседателските избори, соопшти претседателот на демиркаписката општинска изборна комисија, Благој Јовановски.
24 април, 2024 10:56
Обвинителот Бајрами во 13 часот ќе ги соопшти првичните информации за изборите од ЈО низ државата
Во Македонска Каменица гласаат 6.641 лице, излезноста до 9 часот 3,55 проценти
До 9 часот кога е направен првиот пресек за излезноста на граѓаните од Општинската изборна комисија соопштија дека излезноста е 3,55 проценти.
Од вкупно регистрираните гласачи до 09:00 часот гласале вкупно 236 лица или 3,55 проценти од гласачите во Македонска Каменица го искористиле своето право на глас, информираа од ОИК.
24 април, 2024 10:42
До 9 часот излезноста во Куманово е 3,02 проценти, во Липково 1,93 во Старо Нагоричане 3,98 проценти
Според податоците на Државната изборна комисија во Куманово до 9 часот гласале 3, 02 проценти од обработените 99,85 отсто. Во Куманово право на глас имаат 93.364 гласачи, кои гласаат на 167 избирачки места.
Во Липково, како што е наведено од ДИК, гласале 1, 93 проценти од 99,90 отсто од обработените податоци. Во оваа општина право на глас имаат 25.998 избирачи кои гласаат на 36 места.
Според податоците на ДИК, во Старо Нагоричане до 9 часот гласале 3,98 проценти од обработените 99,87 проценти. Таму право на глас имаат 3.043 гласачи кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ги опслужуваат 36 избирачки одбори.
24 април, 2024 10:41
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
Во Штип до 9 часот на гласање излегле 5, 27 отсто од вкупниот број на избирачи информира претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК) Штип, Виктор Вацев.
Посочи дека без проблем започна гласањето во Штип. Сите 74 избирачки места беа навремено отворени во 07:00 часот утринава. Вкупно 41 489 избирачи имаат право на глас на територија на Општина Штип.
24 април, 2024 10:35
Гласањето во Битола се одвива без проблеми, излезноста до 9 часот е 4,55 отсто
Прес-конференција на ЦИВИЛ за наоди од изборниот мониторинг од изборниот процес на претседателските избори низ целата земја
24 април, 2024 10:28
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
До 9 часот во Општина Тетово гласале 2301 лице или 3,2 отсто од вкупниот број на 86.405 гласачи за денешниот прв круг од гласањето за избор на претседател на државата. Во Општина Тетово се гласа на вкупно 117 избирачки места.
24 април, 2024 10:26
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
На првиот круг од претседателските избори во општина Струга до 9 часот излезноста е 2,4 отсто, а во Вевчани 5,5 проценти, информираат претседателите на општинските изборни комисии Минир Жута и Менка Кукоска.
Изборниот процес во двете општини почна во 7 часот утрово и, според претседателите, тече непречено.
Во општина Струга право на глас имаат се 60.894 гласачи, а ќе гласаат на 101 избирачко место, додека во Вевчани во единствениот избирачки список регистрирани се 2.072 гласачи, кои правото на глас можат да го остварат во едно од трите избирачки места.
24 април, 2024 10:20
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
Во Општина Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите, својот глас на денешните претседателски избори до овој период го дале 923 лица со право на глас, информираше претседателката на Општинска изборна комисија Неготино, Елизабета Камчева.
Таа соопшти дека сите избирачки места се навремено отворени и дека успешно стартуваше изборниот процес за претседателските избори.
24 април, 2024 10:12
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
Според Рилинд Хаса претседател на ОИК-Дебар, до 9 часот правото на глас го искористиле 283 гласачи или еден отсто од вкупно запишаните 19.334 лица, колку што се запишани во единствениот Избрачки список.
Претседателот на ОК-Центар Жупа, Неџип Илјаз, информираше дека до 9 часот гласале 80 граѓани или 1,9 отсто од вкупно запишаните 7.383 лица со право на глас.
24 април, 2024 10:05
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
Во Велес и Велешко утрово во 7 часот отворени се сите 84 избирачки места. До 9 часот на гласачките места правото на глас за избор на претседател го оствариле 4,97 отсто од гласачите, од вкупно запишани 44 858 на единствениот избирачки список.
ВО ЖИВО ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДИК: Излезност до 9 часот
Во живо прва прес конференција на Државната изборна единица за излезноста до 9 часот.
24 април, 2024 09:16
Непречено се одвива гласањето во Прилеп
Навремено и непречено, во 07:00 часот, почна гласањето во првиот круг на претседателските избори на сите 142 избирачки места во Прилеп. Своето право на глас денеска може да го остварат 62 082 граѓани.
24 април, 2024 08:59
Тошковски: Досега безбедносната состојба е стабилна нема нарушувања на изборниот процес
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека досега безбедносната состојба е стабилна и нема никакви нарушувања на изборниот процес.
-Покриени се сите сектори од аспект на технички и човечки ресурси. МВР постапува согласно планот и се тече како што треба. Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред, изјави Тошковски.
Без проблеми се одвива гласањето во Росоман и Демир Капија
Во Росоман и Демир Капија стартуваше гласањето за претседателските избори, од општинските изборни комисии информираа дека навремено се отворени сите избирачки места. Во единствениот избирачки список, се запишани 3.289 лица од општина Росоман со право на глас додека пак во Демир Капија се регистрирани вкупно 3.216 гласачи.
24 април, 2024 08:42
Во Неготино навреме стартуваше гласањето за претседател на државата
Сите избирачки места се навремено отворени, успешно стартуваше изборниот процес за претседателските избори, информираше утринава, претседателката на Општинска изборна комисија Неготино, Елизабета Камчева
24 април, 2024 08:28
Во Штип отворени 74 избирачки места
Во Штип утрово навреме се отворени 74 избирачки места, а гласањето се одвива мирно и без проблеми. Според избирачкиот список со право на глас се 41.489 граѓани, кои своето избирачко право можат да го остварат на избирчаките места.
24 април, 2024 08:05
Во Кавадарци навреме отворени гласачките места
Во Кавадарци утрово навремено беа отворени гласачките места. Проблем имало со убиг апаратите но со помош на ИТ лица проблемот бил надминат. Во избирачкиот список за општина Кавадарци се евидентирани вкупно 31.868 гласачи.
24 април, 2024 08:01
Отворени се сите избирачки места во десетте општини во Југоистокот
Сите 273 избирачки места во десетте општини во Југоистокот се отворени утрово во 7 часот, а право на глас во првиот круг на претседателските избори имаат 141. 167 гласачи.
24 април, 2024 07:54
Претседателските избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски наљудувачи
Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори. Како што е објавено на веб страницата на ДИК, заклучно до 19 април се акредитирани 342 домашни и 568 странски набљудувачи и преведувачи, од кои најбројни се од ОБСЕ/ОДИХР – 375. Од домашните најбројни ќе бидат набљудувачите на Здружението Здружението за развој на опшествено – социјални иновации „ВАКЕ УП“ – Скопје – 182.
24 април, 2024 07:15
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
На изборите за претседател на државата што се одржуваат денес право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи.
24 април, 2024 07:08
Граѓаните гласаат за шести претседател на државата
Во земјава денеска се одржуваат седмите претседателски избори. Граѓаните ќе можат да гласаат за еден од седуммината кандидати: Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Билјана Ванковска поддржана од Левица, Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Максим Димитриевски од ЗНАМ.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Бројот на жртвите од поплавите што ја погодија Кенија поради обилните дождови се зголеми на 228, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на земјата. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Дождовите кои предизвикаа големи поплави и лизгање на земјиштето низ земјата во последните недели се очекува месецов да се интензивираат. Поплавите уништија домови, патишта, …
Основачот и почесен претседател на НСДП, долгогодишен политичар, пратеник и претседател на Собранието, претседателски кандидат на СДСМ во 1999 година – Тито Петковски е гостин во поткастот „Политиканти“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во ова интервју направено меѓу два изборни круга со Петковски, со оглед на неговото големо …