Ванковска: Ова е политичка битка во која со чинот на гласање ја изразувам сопствената убеденост во тоа што го говорам

Фото: МИА

Кандидатката за претседател на државата поддржана од партијата Левица, Билјана Ванковска, гласаше на избирачко место во ОУ „Јан Амос Коменски“ во Скопје.

По гласањето изјави дека на 60-годишнината од основното училиште „Јан Амос Коменски”, каде што првпат зачекорила во школските клупи, денеска, рече, зачекорила да го даде гласот за себе.

-Ова е малку необична ситуација затоа што ние на универзитет кога сме подложени на избор излегуваме надвор од просторијата и коректно е да не гласаме за себе. Меѓутоа, ова е друг тип на битка, ова е политичка битка во која, всушност, со чинот на гласање ја изразувам сопствената убеденост во тоа што го говорам, во тоа што го понудив и се надевам дека голем број граѓани ќе го направат овој чекор да дојдат до гласачките места. Мислам дека е тоа првиот и најважен чекор, а каков избор ќе направат ќе видиме вечер. Посакувам убав, сончев ден, како што почна, да заврши мирно, коректно, без нерегуларности, па ќе видиме како граѓаните ќе ме проценат. Овде учителките ме процениле одамна, истакна Ванковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот