Османи задоволен од победата над албанската опозиција

Бујар Османи/ Фото: Слободен печат/ Зоран Димовски

Претседателскиот кандидат на ДУИ и Европскиот фронт, Бујар Османи на прес-конференција во изборниот штаб во Мала Речица прогласи победа над албанската опозиција во сите општини а разликата вели е над 40 илјади гласови.

-Му порачувам на Таравари да го признае поразот. Но, факт е дека ако не се поделевме ќе имавме кандидат Албанец во вториот круг од претседателските избори, изјави Османи.

Неговиот впечаток е дека граѓаните пак гласале по етничка линија, но како што кажа, „овој Европски фронт е наша локомотива за пат кон ЕУ“.

– Победивме во сите поголеми градови и општини во земјата. Денешниот глас е аманет за нас и ќе биде одлука за идните политики на државата. Денеска Албанците, Турците, Бошњаците, Ромите покажаа дека сами одлучуваат за својата судбина и никогаш нема да дозволат некој друг да одлучува за нив. Волјата на народот денеска е јасна и треба да се почитува од сите, додаде Османи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот