Груби: Спектакулрана победа на Европскиот фронт предводен од ДУИ

Фото: Слободен печат, Методи Здравев

Вицепремиерот и министер за политички систем од редовите на ДУИ, Артан Груби вечерва од плоштадот на „Скендербег“ во Скопје, каде беше лоциран Изборниот штаб на противкандидатот Таравари изјави дека ова е „спектакуларна победа за коалицијата на Европскиот фронт“, предводена од ДУИ.

-Славиме победа на Европскиот фронт. Славиме дека ќе победиме со над 20 пратеници на 8 мај, на претседателските и парламентарните избори. Ќе славиме ослободување на Чаир, на Тетово, на Гостивар, на Желино и на сите други окупирани општини со помош на ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Додик, Путин и Вучиќ. Денеска е ден на ослободување како што ќе биде и 8 мај, ден пред Денот на Европа, рече Груби.

На плоштадот „Скендербег“ има зголемено полициско обезбедување, а Изборниот штаб на албанската опозиција „Вреди“ е преместен во трговскиот центар Мавровка. Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот славеа победа по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори според кои нивниот кандидат за претседател Бујар Османи е на третото место пред кандидатот од здружената албанска опозиција Арбен Таравари.

ФОТО+ВИДЕО: ДУИ слави на плоштадот „Скендербег“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот