ФОТО+ВИДЕО: ДУИ слави на плоштадот „Скендербег“

Фото: Слободен печат, Методи Здравев

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори според кои нивниот кандидат за претседател Бујар Османи е на третото место пред кандидатот за здружената албанска опозиција Арбен Таравари.

На плоштадот „Скендербег“ има зголемено полициско обезбедување, а изборниот штаб на албанската опозиција „Вреди“ е преместен на друга локација.

Слободен печат, Методи Здравев

Поддржувачите на ДУИ се движеа од Бит-пазар кон плоштадот „Скендербег“ извикувајќи го името на Артан Груби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот