Ахмети: Изборите да бидат по сите европски стандарди

Али Ахмети, гласање на престедателски избори во Зајас Фото: ДУИ

Лидерот на ДУИ Али Ахмети по гласањето на претседателските избори порача дека посакува изборите да бидат по сите европски стандарди. Тој рече дека од неговиот Зајас, го искористил демократското право на глас за да остави трага на својот придонес во трасирање на европската иднина.

-Со нашиот глас ја имаме историската шанса еднаш засекогаш да ја запечатиме нашата евро-американска ориентација, да кажеме НЕ на Русија, ДА на Европа – рече Ахмети.

Тој ги повика граѓаните да гласаат за голема победа на европската кауза и посака успешен изборен процес, во целосно демократски и европски дух.

-Пред се, се надевам дека овие избори ќе бидат по сите европски стандарди, ние како држава сме под будно око на земјите од Европската Унија, затоа што еден од најнеопходните стандарди што мора да се исполни е организирање на изборите и под такви стандарди. Посакувам процесот да помине добро, за што сите политички партии се заангажираа за фер, и чесен процес. Посакувам сиот овој апел, практично да дојде до израз и вечерта на 24 април, да имаме фер, слободни и демократски избори, а нека победи тој што ги убедил граѓаните преку платфрома, со својата програма и остварувањата што ќе ги направи во мандатот што ќе го добие – рече Ахмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот