Граѓаните од Чаир и Бутел се надеваат на подобро раководство и фер избори

Прв круг Претседателски избори/ Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Граѓаните на Република Северна Македонија денеска од 7 до 19 часот гласаа на седмите по ред претседателски избори.
Според податоците на Државната изборна комисија, до 18:30 часот гласале 48,41% отсто граѓани.

Денеска екипата на „Слободен печат“ зеде изјава од претседателите на Избирачките одбори во гласачките места на Општините Чаир и Бутел.

Претседателката на Избирачкиот одбор на гласачкото место бр. 2917, Фатиме Јашари во  општина Бутел изјави дека процесот на ова гласачко место се одвиваше во тек, без никакви нерегуларности. Таа додаде дека бројот на гласачите бил доста голем.

Според нашата анкета на гласачите од општина Бутел,  својот глас го дадоа уште во утринските часови со  надеж дека еден ден ќе има подобри услови и младите нема да бегаат од државата. Ова мислење го делат и граѓаните од другите општини.

Еден од гласачите во Бутел рече дека гласањето е граѓанска обврска, а друг помлад гласач се надева дека овие избори ќе бидат фер и чесни за сите.

Во општината Чаир, на гласачкото место бр.2820 се сретнавме со заменик  претседателката на Избирачкиот одбор Виљдане Адеми која изјави дека гласањето е започнато регуларно од 7 часот, без никакви проблеми и со задоволителна излезност.

На гласачкото место анкетираните регуларно си ги завршуваа своите должности.

На другото гласачко место во општина Чаир со бр.2892 претседателката на Избирачкиот одбор Фатиме Ибиши го потврди регуларното гласање.

Генерално, анкетираните велат дека овие избори ќе им донесат подобро раководство, подобра економија и примања за народот.

Во прилог, погледнете ја анкетата од гласачките места во Бутел и Чаир:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот