Излезноста до 13 часот е 26,3 проценти, поднесени 140 приговори до ДИК за заштита на избирачкото право

Претседателски избори 2024 Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Излезноста на гласањето во првиот круг на претседателските избори до 13 часот е 26,35 проценти, информираше претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски повикувајќи се на податоците кои досега се обработени. До ДИК пристигнале податоци од 1.720 избирачки места, односно од 49 проценти од избирачките места. Вкупен број на избирачи кои гласале во избирачките места од каде се пристигнати податоци до ДИК е 229 илјади и 803 гласачи.

Тоа е за 10 проценти повеќе отколку на минатите избори. Според податоците за излезност пристигнати досега, најголема излезност има во Новаци (42,87 проценти), а најмала е излезноста во Врапчиште (10,18 проценти), рече Даштевски.

Гласањето досега се одвива мирно на сите гласачки места, информираше Државната изборна комисија.

Досега во ДИК се доставени 140 приговори за заштита на избирачкото право. Од нив 16 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да остварат право на глас. Осум приговори се отфрлени како неуредни а девет се одбиени. Останатите приговори се обработуваат.

Инфографик: Излезност за претседателски избори 2024 од 9 до 13 часот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот